скрши (гл.) - нога (имн.)

А, Марија, кутрата Марија, на Копанче граната и ги скрши нозете.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој раскажува за неа, по некоја година, да не си ја скршеше ногата, уште ќе живееше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Утредента пред пладне, кога Јанкуло се лизна на влажна семка од лубеница и си ја скрши ногата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што к'смет имала и таа? Што не си ја скрши ногата кога го мина овој праг?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чиј газ лижел? (Седнува да јаде. Пауза.) Го убив магарето. Скрши нога преку планина.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Момче и девојче. Девојчето си ја скрши ногата. Момчето ја посети.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мајка ѝ ја скршила ногата во Франција, се лизнала на снегот пред куќата, а секогаш носела високи потпетици затоа што така била навикната и кога носела нормални ниски чевли ја болело целото тело.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ќе му ги скршам нозете или ќе колнам!“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Паднал. Лошо паднал. Си ја скршил ногата. Лошо ја скршил. Една операција. Друга. Две години в болница.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)