скрие (гл.) - меѓу (предл.)

Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
- Леба ми врапче подлетарче нѐ гледаше од црешнана, рече гробарот, тргнувајќи кон црешната, ене го, се скри меѓу лисјено, ене го колва мушички, рече, не запирајќи со одењето. ...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рута што те изнајде во сонот и те одведе во одаите со вино и те покри со знаме љубовно и те скри меѓу две воздишки на детето во сонот, те скри во гревот што го суши срцето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога волкот се скри меѓу стеблата надолу, тоа го натера дури и да вресне од некаква топла, раздразнета ситост, што го исполни сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе крикнеше жената и, фаќајќи си го лицето со двете раце, ќе го скриеше меѓу колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Истрча во градината, се скри меѓу рибизлите и почна да размислува: млекото на неговото братче се згорче кога тој се налути дека не му го дадоа нему да го испие; забот на дедо му испадна кога за нешто му се караше, а Димче гледаше токму во тој заб и посака да му испадне; јазикот на мајка му се заврза кога тој утрово си помисли: „Да ти се заврзе јазикот!“ бабата си го поткаса јазикот кога му се караше...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)