скрие (гл.) - слика (имн.)

Минаа времињата кога Мајка го спасуваше семејството од бомби, од разните војски во родниот град крај Езерото, од ловците на сталинисти, кога се скараа Тито и Сталин, кога не сакајќи, ја скри сликата на советскиот маршал.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога влегов во мојата соба долго се колебав дали да ја скријам сликата сега, во првиот момент, или да ја закачам на ѕидот. Сепак се решив на второто.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)