симне (гл.) - во (предл.)

Но зашто и тие, и војниците сместени најгоре на Чауле не можеа да се одбранат од ајдутите, во 1873-та, кога беа изградени општината и училиштето, се симнаа во Потковицата и горниот кат од општината, речиси целата општина, ја претворија во ујќумат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имаше намера да се симне во Куманово, но некое чудно претчувство му кажуваше да продолжи за Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Баба ми Донка педесеттите години од минатиот век се качила на возот од Сомбор со тројцата синови, повторно напуштајќи ја куќата, овој пат во Гаково, за да се симне во Ташкент.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Лузните останаа. Баба ми многу се лутеше ако фрлевме леб.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ме молеа стопати да проверам дали надворешната врата од станот убаво сум ја заклучил и прашуваа дали некогаш се случило мечка да се симне в град.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ѕвезденото небо што можам убаво да си го замислам никако да го симнам во заборавената куќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Одвај го проголтав, ми се чинеше дека никако не сака да се симне во хранопроводникот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Ќе не симнат во некое предградие на копното, ќе ја смират во нас морската болест, и пак ќе нѐ фрлат на бродовите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа ноќ не можев да спијам. Се симнав во еден наутро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)