си (гл.) - дека (сврз.)

Неделкојца Сивеска врви покрај мене и пак прашува: - Сигурна си дека го виде Неделка мој, вели, да не си видела друг човек?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Убеден си дека се непрегледни, а штом надојде ноќта: небото налегнува, ги обгрнува, ги запленува - и почвата, и водите – во внатрешноста на огромниот балон од ѕвездена сапуница.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
БОЖО: Сигурен си дека толку добро ме познаваш?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)