си (гл.) - мртов (прид.)

— Како им се умира, ќе чуеш, мора да е здодевно да си мртов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но секоја нишка што ќе ја одбереш, води кон средето, кон смртта на оној кој чита, што значи беспотребно е да се плашиш дека не одиш по вистинскиот пат во клопчето на словото, оти блаженството на смртта при читањето настапува кога ќе ја затвориш корицата од книгата што ја читаш, оти тука, во таа точка, во средето, очи во очи со пајакот вжарен, со источникот на словото завршуваш и ти, и слободен си, како никогаш, како да си мртов, како да си заспал во Бога.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Биди разумна и остави ја жена ми. Вечер ќе дојдам. - Нема зошто, отстапила. - Ти си мртов.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или можеби таа е веќе трудна од твоите овдешни желби?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)