си (гл.) - дел (имн.)

Соединувајќи се со стварноста, затоа што си дел од неа, ја прифаќаш како убава, почнуваш да ја гледаш како убава, вклопувајќи се како среќно камче во големиот светски мозаик на стварниот свет.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На крај ќе забележиш, и ти си дел од тој пејсаж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ти си мое дете, ти си дел од мене. Ти си моја рожба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа помисли колку е убаво да си дел од вечноста во вишен слободен лет. Колку е убаво и да не си сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)