си (гл.) - ми (зам.)

Ако. Затоа пак, кога некои јас ќе врзам, двојно се радувам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
ЛЕНКА: Така, така, брат Димо. Да си ми жив! Да ни се живи младенците!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Зошто го велам тоа? Да ѕирнеме низ меѓичката (!?), уважувајќи го ефектот на ретроспективна дисторзија: „ти си ми како дел од телото, како раката”, зборуваше таа исчезната хероина во набабрените - можеби би згрешиле ако кажеме: облаци; мевови („вреќи на зборови”, како што би рекле одредени африкански врачеви*) под таа оцртана површина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Многу си ми молчалив вечерва.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нели се плашев - да не би да не успеам и поради тоа Љупчо да ми се смее... ајде, мајкин, нејсе, сѐ добро заврши.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
ЈАС сосем случајно се извлеков да не направам пакост со овие раце, што сега ја крепат оваа глава да не падне - да не се стркала како тиква... тиква тиквосана, секој може да ја повела како му се сака...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нешо си ми нервозна“, „Много ти љубоморат“, „Пуно имаш душмана„, „У никога да немаш поверење,“ се едни од главните фрази на оваа наша легендарна македонско босанска пророчица која на крај увек ќе ви дае воља за живот со нејзината фраза дека „Среча ти стои“.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
ПОКЛОН(ЕНИЕ) - Еден клон се поклонил пред Е.А.По. „И ти ли си ми поклоник?“, прашал По. „Не, јас сум покојник!“, се пошегувал клонираниот тип. „А, сега ме поколеба...“ рекол По.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Па, Диовец, како си ми? Во војска беше готвач, нели? - Помошник готвач.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ти ли си ми сега таа слатка болка што здивот ми го одзема кога ќе се насмеам?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Каква слика, какво сфаќање за машкото хомосексуално чувство и восприемање одразуваат ваквите гледишта? ‌Еве ви, на пример, некојси зафркант (стрејт или геј, небитно); вака му вели на некој геј- маж: „Не си ми ти баш многу геј, знаеш?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што ти е? Нешто си ми бледа? Да не си болна?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Драги мој атентаторе, нема да те пуштам. Потребен си ми.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
САВЕТКА: Му благодарам. (На Илија) Кој беше ти, како познат да си ми?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
- Добро би било потоа да одиме некаде на кафе, нема смисла да ти ги давам парите на улица, не си ми макро!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Ти секогаш си ми умна, снао моја, како што е редот. И кроце одиш, и тенко предеш.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Милата киска убава, мила! Кој ми те набра, доде? Кој ми те донесе? Зошчо си ми, доде, кај мене?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овде имало некоа солунка, без маж. А' сега да те вида шо пријател си ми!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И знам. Не ќе најдам никојпат збор за да ти кажам што си ми, колку Не ќе разберам никојпат што сум - се привиѓам човек и земја И не ќе ми одгатне никој кое е твоето и кое моето име Зашто бегај, бегај чинам Во некоја корија легни На некој камен седни На некое стебло потпри се па здогледај те, прегрни те Израсната по распаќињата вишнееш низ вековите - За твоите корени сите неба се ниски!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
КОСТАДИН: Излегувај!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
КОСТАДИН: Трај! Во домот си ми!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Ти си ми жена, можев да ти речам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како се викаш? - Трајче. - Да си ми жив, бабино!...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
АРСО: Да си ми жива и здрава, Стојанке! Господ да ти даде момче какво што си сакаш!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А кој знае дали си ми син, кога си таков. Ти не ќе бидеш циганска крв, туку некој мелез.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ЦОНКА: Ајде, ајде, Поцко, какви се тие зборови!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПЕТРИЈА: Да си ми жив, куме, да ни крштаваш, да ни венчаваш! Да ти е жива кума Праскарева и кум Томче! Господ снаа да ти даде! (Пие, на Арсо.) Повели!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (Ја зема парата.) Ај, да си ми жив куме! (Ја трие брадата со парата.) Аирлија, сефте! Ај, златен адет, златна пара, златен кум! Еј, бре-е-е!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Ајде на брег!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од ваши усти, во моја уста! (Му го дава шишето на Поцко, упатувајќи го со скриена мимика на Теодос.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: (Цацка со јазикот.) Цт, цт, цт,! Бре, бре, бре! Не знаев дека си таков абдал, ако си ми син.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: На здравје! (Ја исплакнува чашата неколку пати и пак налева.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Ајде, куме, Давадосе, да се бациме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
— Голема фукса, вели, оти не си ми кажала досега?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ти си ми орден, вели и ме гледа, во чаша ќе ме испие. Улава младост...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти си ми татко?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Пезевенк си ми ти, момче... - стана, отклучи едно вратиче од мусандрата и, свртувајќи се, одврза црно платнено ќесе, му изброја шест лири и потоа му рече: - Како претходната, така и оваа држава ни е поткуплива...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Зошто си ми сам? Каде се твоите, каде е Бреза?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Па ти си ми жена“, се навали Петре на болниот колк.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Нешто си ми збунет”, добродушно се насмевна Марун Крусиќ.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)