сети (гл.) - таков (зам.)

Тој рече дека имал некоја стрина по име Цвета; дека била фризерка и дека имала дуќан во центарот на градот; дека како дете редовно наминувал кај неа во дуќанот, а таа по работата, откако ќе го затворела дуќанот, го водела дома и му мачкала едно парче леб со жолт путер; таква жолта боја никогаш веќе во животот немал видено, ниту пак некогаш повторно во животот сетил таков мирис.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајка ми му рече да оди кај комшиите и низ муабет да открие дали некој има намера да ни префрли што ја задржавме Рашела.  „Оној кај кој ќе сетиш такво нешто, може да нѐ пријави”, рече мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)