сети (гл.) - некој (зам.)

- Дмитар не е сам, се сетил некој истоштен Неделко Шијак со сламка в уста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И после сетив некоја тежина на мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој човек со ситна коска, нешто поисправен отколку што треба да е еден старец, не гласен и сепак таков како секогаш да е на едно место, ги предизвикал обајцата Онисифоровци да мислат дека противникот кришум го посоветувал старецот да предложи Дмитар-Пејко да биде и запален и закопан - селанецот се кара за педа земја, за говедска лепешка, зошто да се кара и за мртовец?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш се сети некоја од снаите и рече: - Отворете ги капаците, ширум отворете ги прозорците, отворете ги.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)