седне (гл.) - веднаш (прил.)

Но вчера, во секој случај, за време на Двете минути омраза, седна веднаш зад него, иако немаше некоја посебна причина за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нејзе ѝ е испомешана сликата и од тоа што пак се појави Костадин, устрау да го удре, се завртува да ги затутли внучињата да не настинат, а тој седнат веднаш до неа, си ја чеша небричената брада божем се чуди што ги снашло.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тогаш ме разбудија комшиските џукели и тргнав неминовно до веце да мочам а потоа седнав веднаш пред компјутер и почнав ко Фројд да толкувам сништа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)