седне (гл.) - со (предл.)

Човекот што дојде да седне со нив изникна некаде од темнината.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека си разговараа за нивните заеднички теми кои не беа малку, се појави Тодор, кој им се приближи и седна со нив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Седна со нив, и кога келнерите со тешка мака ги истераа на улица, го оставија зелениот во некој влажен двор и ја одвлекоа блондината во малото сопче на браќата влечејќи го со себе и мирисот на лутата мастика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кадијата седна со скрстени нозе на меката постела и ги зеде двете кадани што беа до него, таа што му висеше на вратот и онаа што му ја бушавеше косата, и ги кладе на своите колена и како деца почна да ги лула, а кон другите извика: – Фатиме, Халиле, Ремзие, Мерсиме, Атиџе, Мамуре, харфата и дајрињата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Доста од дупката на вратничето од ќералчето го виде Илка кога го даваше здравоживото и го гледа сега кога седна со старците на постелата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Седна со пријателска насмевка на лицето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седнав со лакомост да го прочитам она што беше напишано на подврзаните листови хартија, тврди и пожолтени, на аглите подискинати или свиени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е сѐ. Седнав со олеснителна воздишка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)