седне (гл.) - до (предл.)

Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Само поскоро да стигне. Мислеше ќе ѝ искочи срцето од градите кога седна до шоферот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Седни до мене и, долго и широко, раскажи ми прво за твоите впечатоци, потоа за впечатоците на сите други, што ме гледаа и слушаа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа дедо Иван си влезе во колибата. Седна до огништето, ги приспотна гламните, па го дофати она шишенце што му го донесе Бојан и потргна два-три пати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Мишко му беше жал. Почека уште малку и кога виде дека врапчето не се враќа си седна до печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ти добро си знаеш дека мене не ме личи некој да ме види со тебе седната тука под дивјачката, сама девојка тоа не го прави, да си го пушти беќарот да седне до неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се довлечкав и седнав до првото канабе од дневната соба.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ја замолив мајка ми да ми каже кој точно го дотуркал каменот, а таа се насмеа веројатно изненадена и самата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таква ја паметам мајка ми од она време кога ќе ја заварев седната до потокот на оној син камен што можеби војникот на бел коњ го дотуркал. (Кога го спомнувам војникот на бел коњ всушност мислам на човекот кој ја качил на планинава а никогаш не ја венчал!) А можеби каменов го дотуркал таткото на тој војник на бел коњ кога првпат му се посакало седнат да си ги лади нозете во потокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како претоварена гемија однегде доплови дебела девојка во црвен фустан, ги развлече намачканите усни и седна до него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ги сочини и му ги принесе на книга наресани, убави како девици што ја хранат својата невиност, тој го почести со слава и чест и го седна до него.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дојде, седна до мене и потем долго гледавме во реката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Почнавме разговор, се прашавме од каде доаѓаме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка седна до мене. Ја зеде свеќата од свеќникот што стоеше на средината од масата, и почна да ја префрлува меѓу прстите, како некој кој нема што да каже, или има толку многу за кажување што не знае од каде да почне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седнав на една поодалечена клупа од нив, а кога, по некое време, Лина и другите две жени си заминаа во бараката, Ева ми пријде и праша дали може да седне до мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го оставив светнатиот нож, позедов друг од кутијата, па минував по неговото сечило со крпчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се враќаше со големата торба од телешка кожа полна со домашни задачи и ги прегледуваше навечер, на електричната светилка во кујната, седнат до топлиот шпорет.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Гласот и гестовите на човекот беа господаречки и сугестивни и прислужникот, гледајќи го вџашено назадечки исчезнуваше во мракот на ходникот. - Мрзливко! - човекот седна до Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седнавме до нив на масата затоа што веќе немаше друга слободна и заподенавме „хм-хм“ муабет, ама овие си се најдоа по кавадаречки и лафот веднаш стана божем 100 години се познаваат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неделко Сивески седна до меѓата, со нозете в бразда, и почна да се бара по џебовите, по пазуварките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но таа споулавеност со искубана брада еднаш веќе го предупредила со оган неголемото село на каменоделците - ноќта е мајка на неутешените и маштеа е на непретпазливите, мислел или се сеќавал на нечии зборови најмладиот од дружината и не знаел дали да ѝ се придружи на исто така заборавената старост, да седне до склопчениот Симон Наконтик и без здив, со невидливо црвенило на лицето во мракот, да му раскаже за глувата и нема Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја однесе да ја гледаат Младата Чехинка, а таа се почувствува горда седната до него во првиот ред од театарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ѝ кажуваше приказни за далечни земји.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Доста, и без таа покана, го прибираше столчето и седна до светелникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги срети на појадок. Се поздрави со сите, а потем седна до секретарот Сретен Јаворов, спроти експертите од Министерството за урбанизам.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ех, - рече Методија, земајќи столче и приближувајќи се кон огништето да седне до огнот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Тука ли си, Трајче? - праша Горјан. Тие му пристапија, се поздравија и седнаа до него.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Брзо втаса таму. Слезе од коњчето, го пушти да пасе и седна до изворчето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во бифето седна до масата што беше поставена најблизу до печката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мартин седна до нив намуртен и без збор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кристина рече „пис!“ уште неколкупати, ја затвори вратата и сета зацрвенета од возбуда седна до татко ѝ и таа да ги гледа вестите, како да е возрасна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми требаа неколку минути офкање и стенкање за да се разбудам обвиткан во ужасна смрдеа, како што претпоставив, од сопствените гасови, и со уште позагрижувачки болки во стомакот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Горачинов седнал до мене и само го трие носот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Од кај северот малку се отвори небото. Ѕвезди се гледаат - рече Мита и седна до Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На дедо не му кажував што ми порачуваше даскалот, а дедо, кој почна веќе да се опоравува од пониженоста, еден ден ми рече: - Чендо на дедо, дојди, седни до мене.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Извади таа некои цигари со тигреста амбалажа и тетеравејќи се во тесниот фустан, седна до мене да ми објаснува дека ги купила од бит-пазар без маркица.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)