седи (гл.) - сосема (прил.)

Низ отворениот прозорец влегуваа првите сончеви зраци и паѓаа врз златните кадрици на убавата Лила што седеше сосема неподвижна и со стаклени очи рамнодушно гледаше во Благица којашто уште сонлива се протегаше...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Како да беше само камена статуа стопена со сивилото на собата во која седеше сосема сам, во зимската тишина на некој далечен, невидлив снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)