седи (гл.) - овде (прил.)

Топлината што се шири од него шумно се меша со мирисот на дуњите и јаболката и со мирисот на исушените полски цвеќиња,треви и чаеви, и уште еднаш ја потврдува неговата преѓашна помисла дека сите тие заедно прилегаат на неземски суштества, на духови кои не седат овде, во Јанческата гостинска одаја, туку блудат некаде другаде, на некое друго место под небесата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јосиф, седеа овдека, во гостинската одаја, првин се задума, потоа ги крена веѓите, дури најгоре на челото, и на крајот рече: Не чини за децата да ги учи некој кој е разболен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе седите овде, a јас ќе отрчам до Орле да осигурам јадење, оти виа пезевенци Чанивци како непара се за вера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара вчера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нели ти е срам да седиш овде скриен како баба?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ајде, бре, што си застанал, како замрзнат, седи овде... - го викна пак директорот и му турна стол.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ми се јави другата роднина: - А, вели, ние еве со роднина ни, другарка ѝ и дечко ти седиме овде на гости кај мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
При тоа сите пријатели што седат овде позеленуваат од завист и желност да го надминат почестениот во подлоста.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ја реди, уредува и одредува судбината на оние на кои им е судено да седат овде...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Здодевно му е веќе на Арсо да седи овде. Стига мајко по мене си трчала.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Јас... седев овде.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Јас седев овде, кај масичкава и лупев јаболко.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како било и што било, што се прават тамошните луѓе штркови, другаш ќе ви кажам, браќа им рекол Силјан, сега згора-згора ќе ви кажам оти и јас се сторив штрк на двапати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не верувам да ми верувате оти сум бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Што мисли тој, уште да седам овде затворена!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Вие седите овде и не давате чашка ракија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Како било и што било што се праат тамошните луѓе штркои, другаш ќе ви кажам, браќа - му рекол Силјан - сега згора - згора ви кажуам оти и јас се сторив штрк на два пати и едно цело лето сум ви седел овде на нашава куќа и сум патил триста маки; арно ама не веруам да ме веруате оти сум бил штрк.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Море, ами кој е тој будала што ќе те веруа, бре Силјане - му рекле селаните - оти си бил штрк!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Седиш овде и чекаш пилиња божји со барут да ги изгориш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Жан Мартин пак прашува: - А кој ќе плати да пиеш она што се јаде и да јадеш она што се пие? Тони пак одговара: - Сите овие што седат овде. Се разбира, дамите повеќе. Јас сум за нив неодолив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас убаво си седев овде, еве, како што си седам и сега.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кој е денес будала добиток да гледа, да се пара по планињето и да јаде сув леб и сол и пипер кога може да седи овде сред село и да го чека поштарот да му ја донесе боречката пензија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Каде беше, ќе го прашав? Мислев дека си овде.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас го мислам седи овде, слуша, а тој фатил вид-виделина!“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)