седи (гл.) - затворен (прид.)

Беше убеден дека волците не се во состојба да му нанесат зло, освен ако се решат со денови да го држат во опсада, во што не веруваше, и најпаметно решение би било да седи затворен во колибата и да чека да помине ноќта, но нешто во него се креваше и го тераше да се стави во активна борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Обично седеше затворен во одајата и го везеше гобленот. Ако некој влезеше кај него, го криеше гобленот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Со страв и зашеметеност претрчува од дома до училиштето и по цел ден седи затворен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со денови седев затворена дома, како полжав во куќичка, надвор одев само кога морав, до гробишта, банка и да купам нешто за јадење.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но некогаш не му е сè едно: седи затворен во собата со мачно расположение.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седеше затворен, поправо заклучен во собата, со клучот одвнатре, божем така се создавала големата уметност, додека децата како мачиња цивкаа и молеа да го видат, како родител.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И понатаму, по цел ден седев затворена дома, се чувствував многу истоштено.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)