седи (гл.) - пред (предл.)

За време на кино проекциите во салите масовно се грицкало семки и слични нешта, а лушпите ги плукале пред нозете или во тилот на оние што седеле пред нив, се разбира, ако за истите не располагале со податоци кои ги откриваат како активни членови на боксерски клуб со назив „Младост“ или на борачки со назив „Балканец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако не можеш да смислиш ништо, ако во главата немаш ни збор за повеста што сакаш да ја напишеш, тогаш кажи ја вистината - дека седиш пред белиот лист ставен во машината за пишување, со раката воврена под ременот од пантолоните, фатен за пенисот како за единственото нешто за што можеш да се фатиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Пролетва, од 20 април, кога меѓу 17:30 и 19 седам пред „Багдад кафе“ и се обидувам да уживам во макијатото, секогаш едни исти брборливи мисли ми се раздвижуваат низ главата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Една вечер, додека седеа пред шаторот на ниски столчиња и ги бележеа резултатите од денешните ископувања, инженерот Александар праша: - Што велиш, да испратам по Елена? Доктор Коста ја крена главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Седеше пред вратата со пушката в рака и му велеше насолзено: „Попусто е, учителе. Никаков лек не му помага на син ми“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ти отсега натаму ќе седиш пред вратата на куќава, нели?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се покажа дека Ролан Јаковлевич навистина имал повеќе повремени но и постојани врски а си имал и своја вистинска љубов, и тоа таму, во истиот оној куплерај во кој татко ти седеше пред скалите и се правеше дека ништо не видел и ништо не чул.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сметам оти она, кога татко ти место да ја сослуша Родна замина да ги лади лубениците, требаше да биде за мене првиот сигнал дека овде работите не се докрај чисти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)