седи (гл.) - двајца (бр.)

Јане Сандански носи шајачка облека.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Близу вратата седеа двајца непознати Турци.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Подолу од орото седат двајца војводи: Гоце Делчев и Јане Сандански.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Мераба, мераба, дервиш ефенди! - го отпоздрави Турчинот со засукани црни мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Бев наведнат над папката и мојот поглед достигна до над колената на тројцата кои поминаа пред нашата маса и се распоредија крај масата до нас, од нашата лева страна на која седеа двајца судски службеници задолжени за функционирање на техниката во одвивањето на судскиот процес.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Само на една маса седеа двајца млади луѓе со очајнички изрази на лицата, беа со погледни втренчени еден во друг и со главите виснати над чашките ракија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седевме двајцата на килимот и молчевме. - Нема да одиш да ѝ помогнеш? – прашав - Секако дека ќе одам – одговори Игбал, но не морам веднаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зад нив седеа двајца, едниот сув и жолт светец од икона, другиот полна месечина со голо испотено теме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Крај распален оган седат двајца - веселиот мрзливец Петко и високиот подгрбавен Турчин Абдула.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Англичанецот ја викна за да ѝ даде некоја ситна пара.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“ Во тој миг една избербатена Циганка, прекриена со кирливи излитени алишта, се приближи до масата каде што седеа двајцата мажи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)