се (гл.) - тука (прил.)

Бабата Стаќа се направи да не разбра што бараат, та тивко одговори: — Не се тука машките, ефенди, не се тука, утре ќе си дојдат од колибата, — и сакаше да ја затвори вратата од племната, — но еден што разбираше по нешто македонски ја кладе ногата на прагот, ја задржа вратата и ѝ се овргали на старата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас ги најдов. Тие се тука.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едни луѓе кои божем се тука со мене, а се отаде реките, ми велат скоро потсмевнувајќи ми се: - Кој си ти да се буниш! Ти уште не постоиш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Едо, пикајќи ги парите во џебот, рече: „Ќе влезам малку во гаражата.“ „По куферчето и палтото?“, рече Ратко кој пред да затвори го забележа и се исчудуваше зошто се тука тоа куферче и тоа палто оставени во гаражата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не сакаше да се помири со тоа дека во животот постојат и закони и сили кои можеби не се праведни, но тие се тука, и треба да се примаат како факти; како што се прима фактот дека денес, наместо сончево, времето е – облачно, господин судија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му кажуваа дека се тука и попот, оној што ја отвори црквата на горниот крај од селото во која сега живее Доне Ќосиот, му велеа дека е тука и Тушимката, онаа што си го криеше мажот, кутриот, во долапот за да не го земат партизан, ама таа, знаеш, бесоите си ги стишувала со попот, и додаваа Пак со Господ напред ќе се враќаме, дедо Костадине!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Крај чешмата биле поставени и клупи. Тие уште се тука но искршени, ишарани, изделкани, жални!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Само чу дека штракнаа ножиците и едно перче од нејзината бујна коса ѝ се оддели од главата и како летно облаче ѝ помина пред очите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Доколку и таа ви го раскаже сонот кој ѝ бил зададен, а вие го имате веќе прочитано во оваа приказна, целта е постигната и сите предуслови се тука.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но Сија Хаџибанова набргу се прибра, се созеде. Си погледна во нозете, како да сакаше да се увери дали ѝ се тука, и уште побрзо избега.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако, Вас, драг Аристине, Ве праша Асенета: зошто токму клуч и зошто токму обетка?, ќе одговорите со следново.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Пустата надеж. Војските се тука за да војуваат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Разни лиоти летаат и лазат, вели, и сѐ те заебава: муви и болви и вошки и пајаци, и змии, а ние врвиме крај логорот, вели, здравите војници избегале, само болните се тука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)