се (гл.) - исто (прил.)

Сега да допуштиме да се и Македонците Бугари и особините на македонското централно наречје да се исто: толку бугарски колку и источнобугарските.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
113. Втората теорија, т.е. сите Македонски Словени се исто такви Срби како и Босанците, Црногорците итн. се вкорени во Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Компјутерите се исто така машини-автисти и самци, она поради кое страдаат и се одмаздуваат е страшната тавтологија на нивниот сопствен јазик.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Големи дози на ПЦП можат да предизвикаат екстремен пад на крвниот притисок, крутост на мускулите, губење, кома и смрт; жестоките агресивни испади се исто така чести.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Сега твојата коса и августовското небо се исто! - рече.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се сетив на Мила и на нашето заедничко замислено патување, тогаш во нејзината соба, кога ме праша дали тој мој Игбал е згоден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лицето не му го гледав, ама знаев дека очите му се исто толку темни колку оваа ноќ во Гоа и дека во секоја зеница му се огледува по една сјајна ѕвезда.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Да, но ти знаеш – рече таа – јас ќе добијам таква казна од нив што ни на сон не сум можела да ја сонувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Престани ти со тоа, ќе те убиеле – ѝ подвикнав – само ти имаш татко и мајка, мислиш нашите не се исто така загрижени како твоите!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)