се (гл.) - збор (имн.)

Првото се зборовите „тераписки разговори” и можеби она што некои од нас го имаа на ум кога го прочитавме насловот на оваа конференција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Каде ни се заборавените зборови пред кои запиравме како пред можност да се најде изгубеното каде се зборовите дрочни со смрчки зборовите што нѐ попрскуваа со нектар и семе по крилцата и ципите срамежливи и бесрамни зборовите заради коишто капаците би си ги склопиле и би се префрлиле слободно во другото тело како во свое во своето како во туѓо по архимедовиот закон со озрачени души да не останеме полуживи и сами вечно и од јазикот да се откажеме доброволно, како од љубовта при сѐ што сакавме да бидеме заедно уште, огин-и-ништо залудно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Грнчарот продава земја, велат, и неговите зборови може да се зборови на земјата. Така, чиниме почекај, почекај и пак врати се. 213
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа ли се зборови. Тоа се плуканици – валканици...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Велат дека остана без наследник, не можејќи да замисли дека друг достојно ќе го носи факелот на светлината на слободата во Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Човекот, тркалото и светот“ - тоа се зборовите на големиот транспарент во павилјонот на сообраќајните средства.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
XXXIV Ѕвездите се зборови кои блескаат Погледај ги, ќе ја прочиташ Нашата историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)