се (гл.) - дете (имн.)

„Тоа се децата“, рече г-ѓа Парсонс, фрлајќи полуисплашен поглед кон вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
— Блазе си им на децана што се деца, вели Ристо Коларов, и на говедана што се говеда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислев дека ние децата прилегаме на возрасните но сѐ почесто се уверував дека повеќе тие се деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но единствено е сигурно оти богатството на сиромашните семејства се децата, животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Поздравувајќи се со отецот, директорката и одделенските раководители му се заблагодарија и се извинија за вревата - Деца си се деца! - а тој воздржано се насмевнуваше со крената десна рака - небаре благословуваа: „Да сте ми здрави и живи! Пак да ми дојдете!“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Кај се децата, вика Јон и гласот го истанчува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежам така и си мислам кој ден е денеска, колкави се децата, што работат, што им дава за јадење Велика, како излегува накрај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај се децата, прашува Јон и гледа кон скалите откај што слегов.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ами, кај ти се децата, вели, кај ти е Ѕвездан и Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И кажи ми колкави се децата и дали те ризаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Кај ќе праша со празна уста, вели Маса Ќулумоска, неговите испаднати заби се децата. Вашите умрени деца, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чудни се децата, дали воопшто некогаш ги забораваат казнувањата или крутите зборови на прекор и наредбите?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)