се (гл.) - геј (имн.)

(Бидејќи тема ми се геј- мажите, машката хомосексуалност и машката геј- култура, зборот геј, како што го користам тука, општо гледано, се однесува на мажи, како што беше и во насловот на мојот предмет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште од првиот ред таму се нагласи дека темата што ќе се изучува се однесува на тоа како мажите што веќе се геј се здобиваат со свесен идентитет, со заедничка култура, со одреден светоглед, со заедничко чувство за себството, со свест дека ѝ припаѓаат на посебна општествена група и со особени сензибилитет и субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Курсот имаше за цел да се разбере како дејствува оваа противакултурација, точната логика според која субјектите што се геј- мажи им се опираат на повиците да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини. ‌Тоа е целта и на оваа книга.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не сум сигурна, може само ми се причинува дека сите веќе се геј. Посебно машката популација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Геј-луѓето едноставно постојат. Некои луѓе се геј. Јас имам геј-идентитет. И тоа е тоа. (Имаш некој проблем со ова?) Е па, да знаете, имам проблем. Се разбира, немам проблем со фактот дека некои луѓе се геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)