се (гл.) - разбира (гл.)

Се разбира ние веќе ги употребуваме тие форми, но во крајната верзија на Новоговорот ќе нема ништо друго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира, клучот двапати го завртев во бравата подготвен да ги издржам нејзините врескотници, пискотници, молби и преколнувања.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Старецот: Дами и господа! Вечерва се собравме на ова прекрасно место за да му одадеме признание на човекот кој еве веќе 15 години (погледнува кон таванот), фала му на Бога, ја тресе и потресува оваа зачмаена средина! (Се слушаат извици на одобрување)
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако често дивјачки и нецивилизирано напаѓан од официелните критичарски морони, кои, меѓу нас кажано, во филм се разбираат колку нашиот архиепископ во кик-бокс, ТОЈ сепак не се предаде! (Смеење) А како и нема да биде напаѓан?! Како и нема?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се разбира, не можев да знам дали е тоа истата ќеса и истите хартии од онаа средба пред подолго време или пак ми го враќа она издание голем формат со документи и патописи, покрај другото и оној извештај на Византиецот Теодор Метохит од тринаесеттиот век за пратеништвото на српскиот двор, што бев му го дал за читање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)