се (гл.) - настрани (гл.)

Зашто, ако излезе дека таа неавтентичност не е трагичен израз на моралните ограничености што се вградени во самата структура на човечкото постоење – ограничености што само јуначкиот мажествен стремеж, во својот ревносен обид да ги надмине, може да ни ги открие и да нѐ натера да се соочиме со нив – и ако, наместо тоа, излезе дека неавтентичноста е само комична – некаков срамотен, дисквалификувачки, па дури и урнебесен ефект на секојдневната изложеност на суштествувањето како играње улога, а оттука и на културните значења како чинови на општествениот театар – тогаш трагедијата се растоличува од својата положба на првовеликост, ѝ се обезвреднува мудроста, а патосот ѝ се поткратува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Крајниот ефект е претворање на Хомеровата Илијада во бродвејски мјузикл – нешто во што досега никој не се испробал.304 Тоа значи да се настрани трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истото важи и за јуначкиот вид на мажественост во писмото на трагедијата: штом достоинството ќе му излезе претерано и ненужно, статусот неповратно му се снижува и се сведува на високопарна поза, на празен блеф, на претерана глума, на песна и танц.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, поточно, трагедијата да се претвори во мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)