се (гл.) - меша (гл.)

Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во главата ѝ се мешаа безброј идеи, но како да го направи тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ноќта навева мирис на далечни снегови што се мешаат со благата пареа на тревата кон месечината што чади.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)