се (гл.) - врти (гл.)

Всушност, тие цело време се вртат во круг, како околу некоја кафкианска крепост, за да не можат никако да стасаат таму каде што наумиле...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Геле се врти кон чичко Лозан и нешто се жали: - За малку ќе се скаравме синоќа со Калча: не ме оставаше да ги излепиме сите летоци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сепак во театарот сѐ се врти во круг и не дај боже да кажеш нешто што не смееш.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)