свртува (гл.) - кон (предл.)

Дики ја завлекува раката во неговиот џеб и ја извлекува ламбата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста наеднаш ја пушта Грета и се свртува кон Дики.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако го ослободуваат од обвинението, не прифаќа повторно да биде учител и следните неколку месеци се повлекува во некој манастир покрај Виена, работејќи како градинар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
После тоа, се свртува кон архитектурата и соработува со неговиот пријател Пол Енгелман во проектирањето на куќата за неговата сестра во Виена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
По една или две минути, се свртува кон одделението и вели: „Па добро, кој може да му каже на Борис кој е вистинскиот број”?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Стои неколку мига загледан во далечина, а потоа се свртува кон нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се свртува кон мене и со чудна сигурност ми писнува над главата: - Ти ли го направи тоа? А? Каде се чорапите, кажи?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Деконструкцијата секогаш расправа за маргиналното, и кога маргиналното станува централно во расправата, деконструкцијата веднаш се свртува кон нешто друго што е маргинално.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друга одлика на модернистичкиот етос е неговиот индивидуализам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така спроведува револуција и се чини ја прославува сопствената иновативност и оригиналност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Улам на твојот двор со распеани рози, Улам на древниот часовник што покажуваа недојдено време, Улам на оној жесток ветер од кој не потреперуваат ниту гранките ниту лисјата туку коренот в земи, улам на твоето тело што како божја заповед го свртува кон себе сонцето и го крие за да му биде визглавје на плодот во тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пред посилините од нас не треба само да се петелиме, со ум треба да ги надвиеме, вели Никола и се свртува кон другите: Ако дојдовме, вели, за да се договориме што ќе правиме со ова што стана со Лазора, ќе направиме како што рекоа Максим и Костадин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога мислеше дека го достигнал зенитот во уверливоста на кажувањето, за што добиваше дискретен знак на одобрување од страна на семоќниот А.А., првин се свртуваше кон блиското, големо пано со фотографии и написи, кои наводно сами зборуваа, тој со возвишен и патетичен глас да продолжи: - По ослободувањето на земјата од злокобниот фашизам, нашите народни судови први се пресметаа со предавниците од секаков сој, донесувајќи праведни и револуционерни пресуди и ја воспоставија историската правда.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како да пребарува нешто во темнината. Којзнае кое доба е?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се свртува кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека се обидува да открие што сакам да му речам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност проблемот е во тоа дека некој треба неа да ја извлече додека јас поткревам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен дали Даскалов ме слушна но Боге од Бањи без да се свртува кон мене, ми довикна: - Точно: Господ е со нас, ама до тебе седеше Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лично одговарам за него - цимоли растревожениот Ристе и дури не се ни свртува кон мене додека се обидувам да ја подигнам барем малку онаа страна на колата што ја има пригмечено бутната коска на Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иследникот ја вади левата рака од џебот, но не се свртува кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Навистина сакам да знам што прави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А ти како и јас, забораваш на Господа кога си покрај жена - ми префрла или сака да ме исмее, иако се чини без некоја зла намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Младен се свртува кон одделението.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Јас не го сакам волкот. (Сашо малку се шета, размислува, а потоа пак се свртува кон Мирче) Сашо: Тогаш ајде да си играме лекари.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Учителот пак се свртува кон одделението.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Се свртува кон одделението.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Продолжувајќи ги своите студии на универзитетот во Виена, од физика се свртува кон историја, поради досада се враќа на физика, повторно умира од досада, и конечно се задомува во философијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој постепено си ја возобновил способноста за одење, со помош на стап.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бевме повикани откако Стефан Лествичник, кој во очите на логотетот, по она лажно видение допрва требаше да се искачува по скалилата на славата и почеста, му беше раскажал на управникот дека отец Кирил фрла хула бесчесна врз зборовите и се свртува кон гласовите како кон идоли.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Глигор се свртува кон него: „Нивните банки!“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Наеднаш Ана се свртува кон неговото лице. - Ти си растроен! Побргу в кревет!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таму нешто ја привлекува. Наеднаш, оживеана од изненадно чувство, таа се свртува кон Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој пак запира и се свртува кон мене. 100
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Донеси ги рибите, Левтеријо, вели, и се свртува кон Витомира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Излегува едно бугарско војниче откај Илија и се свртува кон окопите наши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да џвака нешто, да се залажува. Ја подзема сламата со јазикот, почнува да ја врти и да ја крцка со забите и мене ми дојдува убаво дека ѝ ја погодив мислата. Магарето само стригнува со ушите и се свртува кон другата страна. Налутено, ко дете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас го свртувам кон попот и го боднувам. 253
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа се свртува кон мене, ме подзема со здивот, и кога устата ми ја доближа, се одвртува и чепот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се качувам, влегувам покроце, ама никој не се свртува кон мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно време се исправам, го клавам српот на рамо и се свртувам кон Јона.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Човекот ги свртува кон него само очите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сите технологии се свртуваат кон иста точка, сите водат кон Deus ex Machina. 112 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ете кај го кутнала ракијата, а ние за влакно ќе го смачкавме! се свртува кон децата свои, одејќи Одам со ковчегот, а вие поделете си ги другите пљачки! и замина натаму, низ врвулицата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се свртувам кон Вртанов и го заварувам неговиот вџашен поглед вперен во мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Потоа, без да се свртува кон ѕидот, го запали светлото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наеднаш, и самата изненадена, се свртува кон нас и објавува дека деновиве била прилично вознемирена бидејќи поверувала дека пролетва нема да се појави оној чифт желки во нашиот двор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дури кај одмаралиштето таа повторно се свртува кон мене за да ми објаснела дека за жал добитоткот, за разлика од луѓето, побавно ги сфаќал нагледните примери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ова им го правам на најшумните - објаснува таа и ги свртува кон мене окрвавените муцки.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-На оние помирните, им ги скратувам само јазиците - дообјаснува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Паметам дека ѝ реков оти многу ги жалам децата кои сонуваат лоши соништа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се свртува кон мајка си: - Мамо, - вели, - ние имаме гости. – Нема ли да ги почестиш со колачињата?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Знам дека веќе реков нешто вакво, или истово ти го реков, но што да правам кога речиси секој ден бев подготвена да го пречекам повторно она, што еднаш веќе си беше заминало.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кажи ѝ Семјоне", вели таа и се свртува кон него со кренати пердиња се до половината, око не ѝ трепнува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Подоцна, кога дозна Пелагија како се преселила Чана, убаво ја искара, а оваа само ја пушти својата широка и гласна смеа Ми шо ми стана, мори сестро, зар р’цте ми паднаа! се свртува кон неа секнувајќи ја смеата Ми кој ти а пуле Пеличка?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се свртувам кон Никифор и гледам дека и тој не спие.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А Шарко, небаре благодарен, и го лиже лицето, челото, се свртува кон него и така преку рамото на Лефтера го гледа намуртено, покажува заби и исплашено крие муцка под нејзината мишка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мама се свртува кон Малинка: - Зошто не сакаш да бидеш девојченце кога си играте?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мирче: Да. Јас не го сакам волкот. (Сашо малку се шета, размислува, а потоа пак се свртува кон Мирче)
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)