сврти (гл.) - кон (предл.)

Зборовите ги чу само оној селанец што беше веднаш зад него, но неразбирајќи ги, се сврте кон другиот селанец и му прати потпрашувачки поглед.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Да се носи со месеци нов живот под срцето, а потоа да се донесе тој нов живот на овој свет, да се гледа како тој живот доаѓа, ужаснат, ужаснат од излегувањето од утробата и судирот со она што не може да му биде ни непознато, бидејќи за непознато уште не знае, а познатото само го чувствува, да гледам и чувствувам колку сум му потребна на тој нов живот, колку му е потребна храната која истекува од моите гради, да набљудувам како искуството се таложи во неговите очи, и да ги видам првата надеж и првото разочарување на тој нов живот, да гледам како тој живот се осамостојува, како веќе не сум му неопходна, да видам како тој живот кој произлегол од мојот живот ме напушта и самиот тргнува кон создавање на нов живот, ете тоа за мене е родителството.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ДВОЈНИК Се свртев кон брат ми.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„Само еден миг“, рече царот. Се сврти кон масата пред која што стоеше. На неа се наоѓаше машината што тој самиот ја измислил и создал.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Маркос се сврте кон присутните и тивко, одвај чујно, скоро разочарано, рече: - Практично јужниот фронт го немаме. Тој веќе не постои.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Видовте ли како? стана и се сврте кон отисокот што го остави на снегот. Сликата личеше на плашило.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И што е тоа во овие два филма што ја објаснува тајната на нивната привлечност за гејовите? ‌За да побараме одговoри на овие прашања, мора да се свртиме кон поетиката на машката геј-култура и, поконкретно, кон значењето на општествените форми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
С. се сврте кон него.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Башмајсторот го гледаше долго, долго, тоа извишено момче пред себе, а потоа пак гледаше нагоре, кон скелињата, сенејќи си со раката на очите, а најпосле пак се сврте кон оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сврте кон прскалките, ја сврте и цевката на пушката кон нив и почна да пука.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Навистина ли поминале толку години?“ „Навистина,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Управителот избезумено се сврти кон него.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
"Што подлабока да биде", им рече и се сврти кон нас и ни вели само нам, ама да чујат и реакционерите: "Знам јас што сакаат реакционерите наши, газот им мајчин; тие сакаат смрдеата да излезе нагоре и сите да не фати некоја болест...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Не се врати. Ама оние кои умеат да се свртат кон секоја виулица што доаѓа откај Црвен рид, секогаш се во можност да ја видат нејзината црвена шамија распната пред крилата на ветерот што се готви за на пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Можеше само да лее крокодилски солзи и да се храни со воздух, ветар и сончеви зраци.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Го исправи, го сврте кон себе и тупаница го погоди меѓу очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На таа моја забелешка таа се сврте кон мене и ме погледна, ми се чини, со извесна стравопочит.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Низ треперливиот дожд нејзините збунети очи за миг се задржаа на розовиот флокс, потоа се свртеа кон високите сини ралици и потоа се спуштија на жолтото ритче од маргаритки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Потоа се сврте кон Денко. - Пиј матеница, машко!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нишајќи се, дојде блиску до братучедите, но не продолжи кон нив туку сврте кон портата и дури тогаш подзастана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој непопустливо одбива својата уметност да ја гледа како средство за себе - откровение.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Коле сѐ уште стоеше крај Буза. - Другари, - се сврте кон оние кои седеа зад него, - кој сака, може да прејде кај нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги отвори очите и се сврте кон детето. „Не, малечко„, рече. „Јас не сум поп. Јас сум ѕвезда со изгасната трага.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И токму кога сакав да се свртам кон Величе, се сетив дека првото и основно наше правило е дане ги издаваме имињата на членовите на бандата, па се сепнав навреме и продолжив со решителен глас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ти што уште дремеш? - се сврти кон Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Масата на која ги пишувам изјавите повеќе е осветлена од претходната ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Полудени ли се сите? - се сврте кон Патрокле, кој уште ја држеше чашата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се свртив кон Снеже и ѝ предложив: - Да одиме, - сфаќајки во истиот момент дека ги „бришам од списокот на моите девојки“ : Мишел, затоа што е „зацопана“ во Кире, и Анета зашто се однесува како машко.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Набара малку со рака и туку се сврте кон другарот со забите чакнати од радост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некој, со грбот свртен кон огнот, одеднаш скокна и се фаќа за рамо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сонцето било свртено кон грчот на неговото лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прашав дали сме далеку од Лесново и веќе не верував дека е на овој свет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа ја крена раката како со неа да крева некаков тежок предмет, направи во воздухот едвај видливо движење кое наликуваше на мафтање, и бавно ја спушти раката покрај телото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се свртев кон прозорецот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се свртев кон Васета, но веднаш се изненадив: од торбето Васе одвиткуваше глувче врзано за вратот со конец. - Што ќе ти е?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа се сврте кон Рајнер. Рајнер стана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се згрбави и пак се сврте кон касата барајќи го со врелите прсти бројченикот на тајната.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Полковникот Бонети ја допи чашата и се сврте кон отец Иларион: - Вие, фратре, како добар познавач на душата, ме интересира што станува со душата на животните по нивната смрт?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Тежок случај“, се сврте кон двајцата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се стрчав кон него и конечно успеав гласно да викнавм: „Дедо, јас сум твојот внук Ведан, погледни ме, што се будалиш, па на полноќ се нишаш како да си дете, и тоа некое чудно, што не се плаши од темнината“! - тој без да се сврти кон мене - исчезна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Стариот мајстор се сврти кон талкањата како кон пријател, што залудно го чекаше меѓу луѓето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Авторот, вчудовиден од неговото поведение, стрпливо го причека келнерот да се сврти кон него и тогаш му се загледа право в лице.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ослободен малку од грижата да го рине снегот, ослободен и од стравот што му го задаваа волците, момчето почувствува потреба и да се среди малку, да се сврти кон себе, да се измие.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Прошетките по коридорите на сивото здание напати ги споредував со прошетки по рафтовите и по скриените катчиња на моите дотогашни доживувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Едниот подзастана и се сврте кон нас, наслушна внимателно, заврте лево – десно со главата и продолжи да чепка нешто околу огнот. Другите изгледа сѐ уште немаа ништо забележано.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Филип Д. се сврти кон Непознатиот. „Вие сте раководителот?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Филозофот се сврте кон мене, ме погледна, и јас знаев дека мене ќе ме одбере за сопатник свој во подвигот што се готвеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Ване, не молчи му. Удри! Арсо се сврте кон Цанета и зачудено го погледна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ме престраши некаков удар по надворешната страна од прозорецот – се свртев кон таму, немаше ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се свртев кон Клара, таа ги имаше затворено очите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се сврте кон Бреза која трепкаше со очите како да е најневиното ангелче на светот и со милен глас ѝ рече: - Дојди ми тетино, ти си ми најдоброто девојче на светот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Знаете,“ рече доктор Гете, „јас ги почитувам вашите напори да дојдете до нови сознанија за човечките суштества, ама самиот начин на кој го изведувате она што го нарекувате психоанализа, тоа лежење на вашите пациенти на кауч, додека нешто дрдорат, и вие ги гледате а тие не можат да ве видат вас… Тоа е малку шарлатански.“ „Како шарлатански?,“ се налути брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сврте кон Еразмо и му рече: -Еве, ти го подарувам – ја пружи раката на чија дланка блескаше дијамантот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Чекај, го заборавил Пандила Онисифор Мечкојд. - Сакаш жив да го закопаш?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Никому” излажав, но не ги тргнав очите од извалканото лице на Денко Самоников.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секако ќе го наречев, ако знаев дека тоа ќе го разлути, толку многу што ќе се сврти кон мене за да ми рече да замолчам.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Човекот не се сврте кон него, само ги крена рамениците во недоумица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Хрисостом се сврте кон него и Карер на лицето му виде нешто што никогаш не беше видел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Србин се сврте кон фронтот, но не се гледаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој престана со движењата; стана и се сврте кон мене. Нема никој, рече, ти сонуваш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Очите на Даниел се свртија кон брат му. Френк не рече ништо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ти си вообразуваш слика на маченичка и на спасител.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа и двајцата се свртија кон Аргира, кој стоеше загледан некаде далеку над Скопје.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стануваше збор за едно речиште што течеше откај шумската куќа на падините на планината, потоа, што е најважно, двете шупурки од чешмата, арно богата и студена, како и војцата од едно мало изворче близу до чешмата, сето тоа беше го свртиле кон рибникот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се свртев кон мојот адвокат кој гледаше во судијката чекајќи го нејзиниот прв збор и, преку неколкуте ретки влакна на тилот зад неговата речиси гола глава, ни се пресретнаа погледите со Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еци ден ине?24 Се свртев кон него и како потврда на неговото тврдење и прашање, му намигнав и во себе си реков – мајката, оваа болна Грција изгледа полека почна да зaздравува...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во моментот кога се свртеа кон неа, виде две маски.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Додека го зборуваше ова тој се сврти кон мене, но бидејќи оддолжив со одговорот, Иван сосема неочекувано праша: „Дали можеше во ваше време да се случи раководството да му забрани на некој борец или граѓанин да ја продолжи веќе создадената врска со една жена?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Беше убаво“, рече таа. „Да“, реков и ја фатив за рака. Имаше ракавици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„А ќулафката?“, прашав. „Денес, кога јас фрлив камен, тој се сврте кон грмушката во која бев сокриен и јас видов дека ја носи истата ќулафка како и на обредот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бојана ги пропушти Димитар и Александра да влезат први, а таа застана и се сврте кон Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„А ете, Адолфина остана сама.“ Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кметот пак се накашла и повторно се сврте кон офицерот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За да не застранам во излагањата, ќе си се свртам кон театарот и ќе кажам дека наведениот изум-плаштот што те прави невидлив, може да најде ефикасна примена и во театарскиот живот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Брат ми се сврте кон мене, држејќи ја сликата в раце.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
ЛУКОВ: (Навидум соземен, но сѐ уште нема сили да се сврти кон Младичот и да му погледа в очи.) Со кого, рековте, дека сакате да се видите?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се спуштавме по таа страна на Галичица како одврзано летало, клацкајќи се на свиоците како балоните во багажникот, а кога слеговме на Преспа не продолживме кон Отешево туку свртивме кон Стење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лажно се тешев, одложувајќи го одговорот дека Мајка како и секогаш има разбирање за својот син!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Застана на угорнинката скраја од патот, се сврти кон полето - гробница, подигна раце кон небото и прошепоти: - Блажени нека се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Аким Шијак и ја сврти кон него црвената дамка зад левото уво што ја носел од раѓање, уште од мајчина утроба кога идната леунка украла грозд од туѓо лозје и го казнила синот да носи до крај на животот белег за нејзиниот грев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во еден миг дулбијата ја сврте кон небото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тромаво се сврте кон златестото лице на поднареникот. Не сфаќајќи, ги побара под големата шајкача ситните стаоречки очи и воздивна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Кога татко ми и јас заминувавме од гробот на дедо ми, на неговиот закоп татко ми се сврте кон мене и рече, „Сега неранимајкото е мртов”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Бабино мое, - се сврте кон мене и ме прегрна...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но тогаш, во таа ноќ, на Отец Симеон уште ангели му пееја над глава. „Добро утро“, се насмевна човекот, Отец Симеон се сврте кон него и го остави адвентистот да избега, да го однесе со себе своето ненадејно штукање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Браво,” ѝ реков и отворив уште една лименка со пиво.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа се свртеа кон мене и таа се претстави: – Асенета.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потоа се сврте кон нас: - Имам, море деца, една круша, па сум ти тргнал да ја берам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Бабата се растревожи, ги забирша очите со крајот од шамијата, се сврте кон необичната слика со жена и децата под која гореше малото оганче, се прекрсти три пати и тивко изговори: - Блажена Девице Маријо, сполај ти, и тебе, и на Господа, за сите добрини што ни ги праќате на Земјава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Ида, ида! — се јави и на тој што тропаше на вратата и пак се сврте кон кучката: — оксо — ќерата! — се провикна посериозно. — Повели, нунко, повели.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Светна уште еднаш. Уште посилно. Токму кога застана и кога се сврти кон неа. Лицето му побеле од четката на молњата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
За експресионизмот кој настануваше во северна и средна Германија и чиешто седиште наскоро требаше да се пресели во Берлин, беше симптоматично и следново: уметниците спонтано и од внатрешни побуди се свртеа кон оние делови на цивилизацијата коишто беа во сенка и коишто граѓаните ги презираа: патувачки актери и пејачи, работници, декласирани, несреќници, душевно болни.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потоа се сврте кон децата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога му заврши шурката, Лабро се искашла и плукна со гнасна плунка и пцовка, велејќи: - Господ да даде никогаш под нашето небо оваа крпа да не се вее! - тој се сврте кон ѕидот, напучи газ и гласно прдна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се свртев кон него. Додека се бакнувавме, ја вкусувавме прашината што ни беше останала на усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За секој случај се свртив кон оној, неугледниот, качен на кутијата со пијалок.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Бавно се сврте кон авторот и го изгледа чиниш исчудувајќи се.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Им заповеда да се свртат кон ѕидот од оградата, терајќи ги да ги кренат рацете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога се сврте кон него, човекот му се насмевна: - Сончево е денес...
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој се сврте кон Ѓорчета и го праша: - Кој сте вие?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во собата се стемнуваше. Тој се сврте кон светлината и лежеше гледајќи во стаклениот тег за хартија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И колку што си спомнувам најпрвин се сврти кон прозорецот а дури потоа го спомна она за проклетствата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се свртев кон влезната врата со цел да одам да му кажам на работникот Ристе Петревски кој беше во канцеларијата на секретарката, ама тој веќе беше на вратата и му свикав да викне брза помош.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој ја сврте кон себе така што сега стоеја гради до гради; нејзиното тело изгледаше како да се топи во неговото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаевме дека по сталинскиот „мир”, настапи сталинскиот пекол во родната земја, кога Тито не сакаше да му се покори на Сталин, туку се сврте кон Запад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нина стана: „Еве го Влатко, од дессетиот кат. Новодојдениот!“ и се сврте кон наседнатите, „А ова се Мирко, Филип и Жарко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сега, пак, Србин се сврте кон нив. Шишман во никого не се опули.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„А ти,“ го праша жената која го беше родила, „дали ти додека си ме барал си помислувал нешто да ми кажеш?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш дедо ми Крстин сврте кон стрика Германа, татко му на Љакето, и му рече: - Германе, го чу ли што рече алдупон твој!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Овде сите врескаат. А таа молчи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гадливо го гибна со прстот по рамото и, кога оној, тешко доаѓајќи до свест што се случува, се сврте кон него, му рече: - Чекате автобус?
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ги подигна рацете и со силен, растреперен глас, проштално се сврте кон народот: - Не плашете се, драги браќа и сестри.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Пришла весна смерти, Семјон“, се издиша дед Павел а потоа се сврте кон мене, ме погледна: Дали сум го разбрала? Климнав со главата. „Пролет на смртта“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така и се реши на состанокот на Партиската ќелија, нели, - се сврте кон бригадирот и овој неколку пати климна со главата, потврдувајќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, не спомна ништо во врска со нејзините килограми.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Другиот победнички се сврте кон крчмарот. Лицето му светна, насмевката му стана пријатна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го извади татко шејот од дисагите и се сврте кон Петрета: - Да ти го дадам или в црква да ти го донесам?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој потем погледот го сврти кон мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дејв се сврте кон толпата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тато, - се свртев кон него, - не ми е јасно зошто в училиште за планините учиме на толку здодевен начин?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го виде тој гавран со прострелени очи и се сврте кон таа една Марија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За време војната во Босна и Херцеговина, поточно во Мостар, многумина од муслиманското население изјавиле дека никогаш не помислувале наутро најпрво да се свртат кон Мека и Медина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ние сме праведно осудени, зашто примивме заслужена казна според нашите дела; но Он ништо лошо не направил. - му рекол и потоа се свртел кон Христа и покајнички го молел: - Сети се на мене, Господи, кога ќе појдеш во Царството Свое!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Стоевме веднаш до “Распетието”; на него немаше никакво ветување: на лицето на Исус само помирување со ужасот, на лицето на неговата мајка – ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и именките, и судбината на овие зборови не се разликува многу: најголемиот дел од нив одамна не е веќе во употреба, ги има во разговорниот и говорните балкански јазици, а најмал дел е и интегриран во нивниот лексички фонд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си пасеше крај авлијата на горниот крај и кога ние истрчавме од даскалницата, се сврти, нè виде, нè почека да излеземе и да застанеме вчудоневидени и сосема се сврти кон нас и ни пријде со неколку чекори.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
О'Брајан ја крена левата рака, ја сврте кон Винстон со надлактицата, со четири исправени прсти и со скриен палец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Добро,“ реков и ја ставив раката на градите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Попот ги допеа молитвите, се сврте кон олтарот, се прекрсти и влезе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сè така мислеше додека не свртеа кон вратата на судот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но оваа оптимистимистичка претпоставка потемнуваше штом ќе се свртев кон темните ридови на сомнението.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој се сврти кон олтарот, длабоко се поклони и со спокоен чекор ги качи двете скалила пред олтарот и влезе внатре.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вие сте веќе големи и сигурен сум дека ќе можете сами да се погрижите за себе, - се сврте кон нас.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Војникот веднаш се сврте кон бабата и божем сострадателно ѝ одговори: – Што сакаме? Ништо!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќе си кажат нешто и пак ќе се свртат кон мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потскокнуваше при секое негово пукање, а на крајот, кога тој удри во празната цевка и кога остана преклонет, со пушката, исто како и со празни раце, мечката пак мирно се сврте кон топлото месо на јарчето, го собра со своите шепи од снегот, и замина напреку, оддалечувајќи се.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како да се беше вратил негде од далеку.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вечерта на 25 ноември 1871 година, откако доживеал триумф во ,,Лициум“ Ирвинг се свртел кон својата сопруга Флоренс и и рекол дека успехот во театарот ќе им дозволи да имаат сопствена кочија и пар коњи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не е чудно што во тоа време моето внимание е свртено кон самите нас и нашите младешки односи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„Сега твојот нов работник ќе види“, рече Марко и се сврте кон Еда. „Ајде, Едо!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш се сврте кон улицата и малку веднат, со рацете во џебовите, почна да ги составува врвовите од обувките.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Немој да ми кажеш дека си заборавил.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Винстон стоеше со грбот свртен кон телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се сврте кон мене и со срдит глас рече: Зар не гледаш, зар не виде оти јас сум ангел, а не старица која чека душа да испушти, да се земјоса...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Страшниот човек ги допреплаши децата со тоа што, кога тие се свртија кон него, се принамршти и им свика: - Што правите тука, бре ќерата!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ми се чини дека нашата должност е во моментот борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде дури беспредметна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Слушај! вреваџијата ја прекина својата песна и се сврте кон згрчениот сосед. - Земи и ти една. Те честам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мајка ми пак се сврте кон несаканите посетители. „Нешто друго, господа?” - рече со својот решителен глас мајка ми Евридика.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Така рече татенцето и полека, божем пребројува стари прачки за фишеци, се сврти кон мене.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа се сврти кон него искачувајќи се наназад и гледајќи го речиси со ококорени очи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Џорџ Смит се сврти кон сонцето. Тоа му го опалуваше со слаб сјај лицето, а неговите очи беа два мали огна од него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Поради ова, вниманието што интернационалните музеи и понатаму го посветуваат на овој уметник сѐ уште предизвикува негативни реакции кај одреден дел од свет­ската јавност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се свртев кон другата страна од дворот, како да барам некого и одеднаш по инстинкт го сетив приближувањето на нејзините стапки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Не е за смеа, - рече дедо Геро и се сврте кон децата: - Еве што ќе ви кажам: ни ние не знаеме сигурно.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше среќна што најпосле завршуваше мисијата на обајцата во потрагата на османските заемки, верувајќи дека најпосле ќе се свртат кон покорисни работи во куќите и семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А потоа се сврте кон мене и додека јас и децата, кои така добро ме познаваат, се газевме од смеење, ми подаде едно каменче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Е, тоа е, така треба, си реков тогаш. Така треба, си повторив, и се свртив кон инженерската екипа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Деница се сврте кон Крумета, а тој климна со главата токму кога службеникот излегуваше од нивната кабина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Крчмарот ги погледна другите двајца и пак се сврте кон дојдениот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се сврте кон книговодителот кој сè уште ме стискаше и му рече: - Остави го.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Се сврте кон собраните и, покажувајќи со рака на знамето, рече со глас во кој имаше нешто од гласот на нашиот комесар: - Ајде, Лабро, со Господ напред, почнувај ти прв зашто тебе за малку што не те задавија со оваа шарена крпа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јана застана и се сврте кон мене, го зеде моето лице в раце и го приближи до нејзиното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Низ оној прозорец што е свртен кон исток, го гледа брегот и неговото зеленило од разни дрвја: бор, костен, даб, јавор, багрем, липа, леска, евла, како и по некоја питома или дива слива, круша, црешна, кои никнале сами преку семките донесени од ветрот или птиците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Божо и Параскева седат покриени во своите кревети, гледаат пред себе. Кристина лежи во аголот на скривницата со лицето свртено кон ѕидот. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И мене очите не ми ослепеле, зашто ми требало виделото да го пронајдам, да го погребам, да го тажам - ама и за враќањето ми требало - да ги видам и мајка - свекрва и Ѕвезда моја, ѕвездулче мижуркаво - без таткова закрила - сираче, оф, леле, - офна стишено, па се сврте кон неа, ја гушна со милина, небаре чедо тогаш родено, со здивот да си го стопли.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сигурно некоја птица имаше удрено по стаклото, “мислејќи дека е друго небо,” како што велеше Хајнерле.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Братучедите се свртеа кон војниците, ги погледнаа и сфатија дека ќе мораат да продолжат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Се размрдав по дома, од врата влезна, до врата од фрижидерот, па до вратичка на рерна, вклучив две-три копчиња од машините што мијат и перат, се свртев кон Ане насмеана, спремна за дружба со неа и... некој заѕвони.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Праша:- Ами чаре? - И чарето ќе ти кажам, па да знаеш оти си кај пријател. - рече и се сврте кон братучедите:- Кога мислите да си бегате?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Беше јасно дека во тие мигови не можев да се повинувам на дисциплината што ја исполнуваше Ема со својата наивна и едноставна игра со која ме заведуваше, но, кога ѝ ги ставив дланките на раменици и силно ја повлеков кон себе, кога помислив дека целото тело ѝ е наврено на мене, или дека целиот сум во неа, почувствував дека токму тогаш таа ја сфати смислата на играта и, конечно, го направи тоа што ѝ личеше на жена која вистински го сака токму тоа: се сврте кон мене, ме гушна, ми ги апеше усните, првин горната, па долната, повремено навлажнувајќи ги со врвот на јазикот, а потоа силно ме загриза на вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Но, тоа не е сѐ, драга моја Ема,“ рече госпоѓа Мариела, станувајќи од фотелјата и, по два чекора направени кон прозорецот, одеднаш се сврте кон девојката и низ шепот и додаде: „Сликарот Драган Соколовски спиел со монахињата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Се сврте кон момчињата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа царот се сврте кон главниот слуга што го видел летачот во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тогаш девојката спушти на масата пред мене кутија машки бонбони со виски „Laroshell de Luxe“. – Ова е за вас – додаде – но, покрај ова имам и две прашања, професоре.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа, додека дедо ми сврти кон пангарот од Петрета, сега питроп да купи свеќи и да фрли некоја пара на пангарот ние чекавме на вратата тој да се врати и секому да ни подели по неколку свеќи: по една да запалиме тука на влезот пред иконата на Свети Никола, уште по две за на свеќниците пред олтарот и по некоја да ни гори во рацете додека трае службата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Крајниот подвиг било да се оспори монополот врз достоинственоста што го држеле тие на чија жалост ѝ била завештана автентичност и, во тој степен, имунитет од обезвреднување и од подбив.194 Во својата потрага да создадат општествен простор и изразен јазик за претставување на сопственото доживување на загубата, италијанските вдовици од Фајер Ајленд се свртиле кон најблиското расположливо културно средство, кон модел на трајно, неутешно жалење што е тематски соодветно за нивната емоционална и етничка состојба, но крајно во расчекор со нивниот род.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како да го допреа моите размисли па тој подзастана, а потоа се сврти кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ме свртеа кон ѕид и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Веднаш сфатив дека таа го знаеше моментот на моето пристигање бидејќи во истиот момент додека влегував таа го крена погледот од масата и се сврти кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од под куп секакви и ненужни нешта во ковчегот со црвени и зелени шари тој допре со истргнати прсти неголема дрвена плоча и, извлекувајќи ја со болка во половината, ја сврти кон светлоста на прозорецот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа како од пушка почна: „Петре-Петре,пиралче, На грмада седеше...“ Во меѓувреме Јоле или го чу гласот на Петрета или некако се сети на нас и како што ја имаше раката на грбот од срната, се сврти кон даскалницата и го виде Петрета Даскалот седнат на прагот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во неа ми мина векот, - рече, а потоа се сврте кон Денко, во чии очи насети чудење и рој прашања, па му објасни: - Можеби не знаеш, немале време да ти кажат, ама зимоска си ја запалив колибата, јас старо аро, изветреано. Пламна, милата, како ќибритче.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А ете, не може да поднесе неколку голтки алкохол.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа, очигледно не завршувајќи ја смотрата, неочекувано брзо се сврти кон нас и не давајќи ни барем да зинеме како со магнет ни ги зеде главите, се разбира мојата и Кејтеновата, и колку што можеше посилно ги тресна една од друга.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Погледот сам му се сврте кон прозорецот високо на катот, мижуркаво осветлен од газиената ламба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му кажав дека сме дојдени да му посакаме среќен роденден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гадливо го гибна со прстот по рамото и, кога оној, тешко доаѓајќи до свест што се случува, се сврти кон него, му рече: "Чекате автобус?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога Турчинот ни исчезна од погледот, дедо Стефан се сврте кон мене и ми рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така изнарадуван, се сврти кон децата и викна: - А бре, шо чекате вие?!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се сврте кон Србина со капакот кренат зад главата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„А јас тоа го гледам на сосема поинаков начин,“ рече Сара, и се сврте кон децата кои си играа во дворот на детската градинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пелагија за да не ѝ овозможи на Пена да оди понатаму и за да не стигне до оној црн ден што ѝ ја има зацрнато животта на момата, се сврте кон Танаско за да го распрашува каква му е работата во фабриката за конзерви.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Отец Симеон се сврте кон него, не можејќи никако да го догледа целиот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но во тој случај Маргарита, ако било што можев да предвидам, тоа е дека во еден момент расеано ќе се сврти кон прозорецот и дека тогаш, во тој случај, Маргарита ќе го види мојот одблесок, вкрстување на погледите на ликовите од тоа стакло врз кое темнината на тунелот става одлики на придушено огледало, го става својот виолетов плиш што се движи давајќи им на лицата живот во некои други рамништа, одземајќи им ја онаа ужасна маска на креда што им ја навлекува комуналното осветлување на возилата а особено, е да, тоа не можеше да го порекнеш, Маргарита, кое ве приморува вистински да го погледнете она друго лице на стаклото бидејќи во магновението на двојниот поглед нема цензура, мојот одблесок на стаклото не е исто нешто со оној човек кој седи наспроти Ана и во кого Ана не смее отворено да гледа во вагонот на метрото, 59 а освен тоа онаа што токму го гледа мојот одблесок веќе не е Ана туку Маргарита во моментот кога Ана брзо го тргна погледот од човекот кој седи наспроти неа бидејќи не е згодно да го гледа, но кога се сврте кон прозорското стакло, таа го здогледа мојот одблесок како демне на тој момент, за благо да се насмевнам, без дрскост а и без надеж кога погледот на Маргарита како птица ќе падне во неговиот поглед.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Но нашето внимание овде е посебно свртено кон застрашувачката опасност што ни се заканува од нуклеарната енергија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Костадин вџашено се сврте кон Петар: „А бе шо збораш? Ти?!?!“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
(Се разбира дека овие зборови што ги употребувам во моментов се мои. Не и на Ивана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој се сврте кон Џулија и додаде со глас во кој имаше малку повеќе чувство: Ние можеби ќе му дадеме нов идентитет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледа прашањето исчезна во бездната помеѓу нас што неочекувано се отвори.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу ми тежат чергиве.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со Катерина бевме втасани негде кон крајот на пораката Високиот глас на младите, всушност веќе навлегувавме во оној дел од написот во кој се спомнуваа и резултатите од зафатите на младите, и на нивните големи и високи цели со кои се ветуваа и големи преселби на сезоните, кога Катерина сосема неочекувано ги крена рацете од машината и ги пренесе на моето теме; постапуваше како да зема во рацете посакуван предмет но тоа го стори многу внимателно и со двете раце, како да се плаши дека ќе му ја повреди убавината и скапоценоста на предметот што го зема, ме сврти кон себеси и ми се загледа во очите: - Ете, тоа се вистинските зборови!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По подолгата пауза тој се сврти кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со флејтата в рака, тој ја прегледал листата набрзина, потоа се свртил кон музичарите и некако возбудено им рекол: „Господа, стариот Бах е тука.“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кокетно се сврте кон мене и, „Влези де“, ми рече со малку подзарипнат глас, како што мене ми се чу...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пред да го обесат, ако е точно како што се раскажува, на јажето на црковната камбанерија, се свртил кон некој свој невидлив собеседник и прашал - Каде отиде коњот на Питу Гули?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Ах, проклет... - свика игуменот. Се сврте кон отец Иларион и му рече: - Што си го пуштил од келијата... - Господе... - се возбуди и отец Иларион.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ти ми ветил...“ промрморе таа. „Што!?“ тој сега се сврте кон неа. „Ти ми ветил...“ процимоле таа погласно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дедо Ангеле се сврте кон нив, милозливо им се насмевна. Децата останаа задоволни.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се сврте кон сликарот и ја заниша главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Клара ја болеше патентот од паричникот што силата на прегратката ѝ го заковуваше меѓу градите со едно слатко, издржливо гребење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Томаица само го подбутна Васе и со раката му покажа да оди, а се сврте кон брата си кажувајќи му: „Се договарам со Љупка на Мирчевци да правиме нови кројки за фустани за на лето.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Таа веднаш дотрча до масата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите погледи се свртеа кон Сретена Јаворов.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А потоа, откако убаво ги истопли опинците од Сандрета, кој за цело време ги врткаше над огништето, се сврте кон старицата и рече: - Донеси чорапи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја свртел кон себеси и кон месечината. - Која си, што бараш овде?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Погледот пак се сврте кон Даниел, и вториот кој токму тогаш гледаше право во него, четирите очи, поточно нивните погледи, се разминаа како две птици во лет и скршнаа еден од друг, но погледот на Боб бргу се врати кон лицето на Даниел и тој ја извлече потребната сила, не од неговите сопствени извори, туку од измачениот лик на човекот што беше извор на неговата слабост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа беа неговите единствени зборови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој истешко стана и нерешително тргна, надевајќи се дека сепак нешто ќе го подзапре, но таа упорно го следеше во чекор и не го остави да се сврти кон неа, барем да бидат лице в лице кога ќ е се збогуваат, и просто го истурка низ вратата пред ја тресне и да ја заклучи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не можев да се поткренам. Дури и да се свртам кон ѕидот немав сила.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се сврте кон тројцата и почна да ги загледува.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Доце Срменков веќе молчел. Тешките сомневања пак му ги свиткале рамениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се сврте кон децата. „Морнари, дигнете ги едрата и пловете дома.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Откако се двоумеше колку што можеше и не можеше долго, се сврте кон Србина, му рече: - Брачо! Да ѕирнам што има во тенџерево?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мажот и децата тргнаа кон излезот од Гнездо; пред да поминат низ портата, се свртеа кон жената, ги подигнаа рацете и ѝ мафнаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Генералот застана, се сврти кон двамината и праша дали е доволно далеку или треба уште некој чекор да оди понатаму. Дваминината ги одрамија автоматите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но наместо, според расположението, да појде некаде каде што ќе биде сам, накај бавчите или накај реката, тој обратно, се сврте кон градот, по познатите улички што водеа кон центарот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Однеси го оттука и татко ти”.  Рашела разбра и се сврте кон татко ми, го фати под рака и го тргна од неговата длабока замисленост.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Луѓето вчудоневидени се свртеа кон неа и тогаш ги видоа двајцата распашани, брадосани бугарски војници што беа налик на сеништа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Помладиот војник се сврте кон постариот: „Зошто го отепа? Ќе го врзевме и ќе го спроведевме...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Колку се сеќавам, нешто како „Герили миш, олд миш, некере некаре“ или нешто слично, и се сврте кон кафезот со петлите, чекајќи ги и другите купувачи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Толку многу сакам некогаш повторно да дојдеш во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И, ко што е редот, се свртев кон изгрев, кон Св. Спас, ја кренав раката, се прекрстив и благословив: - Господе, дај им челад на младите, дај им здравје и арнина, дај им слога и топлина, во срцето добрина, место козина коприна, куќата со азно покриј ја, до крајвека, до амина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас се вратив во ходникот, и отрчав во собата во која беше мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се сврте кон лекарот: ”Не обрнувајте внимание на ова што ми вика, што не сака да ме види, што се сомнева во мене...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Некои ги бркаат уште дур им се студентки на факултет - рече шминкерот и неговиот поглед нагло се сврте кон еден стегнат задник кој штотуку продефилира на Сталинова.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
— Се сврте кон запад, ми велат, му го сврте грбот на Советскиот Сојуз.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„За што да се грижиш?“ зачудено се сврте кон него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Запрашаниот се сврте кон својот другар, тивко го праша: - Ара, како се вика ова село? - Крчишта - одговори тој со пригушен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние, клекнати и збиени една до друга во грмушките, одвај и дишевме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ги одвои своите усни од моите, рече: „Некогаш се прашував ‘Кој сум јас?’, и се надевав дека низ таа запрашаност ќе стигнам до одговорот за сопствената суштина која ме поврзува со сѐ што постои во универзумот - состојба до која треба да стигне секое човечко суштество поставувајќи си го тоа прашање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Патрицијот беше видено потресен: - Верен мој пријателу, постојано ќе го имам крај себе – се сврти кон морето да ги сокрие солзите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А каде се сите оние мигови, денови и години, и сѐ што беше во нив? Како да не постоел…“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Појдовме во Големата сала. Брат ми почна да се пресоблекува, јас се свртев кон ѕидот и го слушав разговорот на доктор Гете и доктор Фројд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега, Алал Комби се сврте кон секретарот Зафиров: - Отворете очи, вие, од Партијата, кого ни токмат за судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во еден миг го обвинуваа Том зашто не продолжуваше напред, но веднаш потоа се свртија кон коњаникот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дедо ми тогаш застана, се сврти кон Екрема, го погледна право в очи со зауменост на лицето.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Говедска жолчка, побрзал Пандил Димулев. - Да бараме говедска жолчка и грутче во таа жолчка. Тоа било доволно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како може вљубеноста на машката геј-култура во Милдред Пирс и во Најмила мамичке да ни помогне да ја сфатиме таа поврзаност?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сврте кон нас и, охрабрена од нешто, продолжи: – Пред да го сторам, со вас, првиот чекор кон визбата, мене како да ме фати јанѕа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби само помислив дека ми се обраќа по оној ист терк како и при сите испитувања досега.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме свртија кон ѕидот и ми го истинаа тилот со студена револверска цевка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„А ти не слушај што ломотат жените кога немаат друга работа!“, ми се закани мавтајќи со показалецот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа се свртев кон Ема и ѝ реков: „Пропаѓаш во жива песок! Да те задржам?!
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нели и јас а и Катерина, како и сите ние, ѝ припаѓавме на неброената толпа што ѝ робуваше на познатата навика: да се одложува повлекувањето на потегот што води кон добивката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Крокодилот ги отвори очите и полека се сврте кон мене.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Со тебе, - му рече даскалот и се сврти кон нас: - Ете што ти е неук човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Да, и нашите, - додаде Коле и се сврте кон стеблото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ќе посегнеш кон едно, па ќе свртиш кон друго. И пак празна ќе ја собереш раката. 144
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сликарот се сврте кон луѓето и им објасни.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ќе ти се јавам“, рече таа. „Важи“, реков и ѝ ја упатив својата најширока насмевка. „И јас тебе ќе ти се јавам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А тој, како да ми ги чита мислите, не ми замерува што му се заканувам, туку само уште еднаш се сврти кон мене, занимавајќи се и натаму со коњите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најстариот од браќата се сврте кон доктор Гете: „Зарем не е овде премногу гласно за неа?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Резултати?“ Се сврте кон мене, со очите барајќи го мојот поглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се сврте кон мене. „Доктор Гете ми рече дека оттогаш поминале тринаесет години,“ и со неверување одмавна со главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога легнав до тебе, се сврте кон мене, будејќи се, а во твојот здив беше цела електрична ноќ на нова Азија, иднината што се дигаше во тебе како светол флуид што преплави сѐ во мене, освен овој момент.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Утринава, кога заврши тоа второ негово јавување таа се сврте кон огледалото заглавено помеѓу тоалетот и шифоњерот и се погледна в очи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чувствуваше како здолништето ѝ се лепи за бедрата (не беше добро облечена) и одеднаш желба да се заврти, да се сврти кон познатиот град.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се свртив кон другите писма, одложувајќи го уште еднаш, според некоја неподнослива леснотија одговорот на Мајкиното писмо, чија содржина, бргу ќе ја заборавав, а им посветував голем дел од мојот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тогаш се сврти кон улицата и малку наведнат, со рацете во џебовите, почна да ги составува врвовите од кондурите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
За да ги пронајдеме изворите и паралелите на неговата монументална непробојност ќе треба да се свртиме кон Холивуд , или кон светот на рок музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Баба Севда се појави на портата. Исчекорувајќи од портата на улица, погледна нагоре и надолу по улицата и се сврти кон портата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Потоа се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иследникот ја вади левата рака од џебот, но не се свртува кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога влегов тој се сврте кон мене и подаде рака кон шишето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Всушност Даскалов кога се сврте кон куќата и тргна кон прозорецот јас не го препознав; неговата сенка обрабена со одблесоците на светлината можеше да биде и сечија, и изгледа токму заради оваа помисла со задоцнување ги забележав знаците што ми ги испраќаше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во седумдесеттите, кога симболичката ВИ се сврте кон создавање на експертски системи, потребата од флексибилност го исфорсира создавањето на програмски јазици што симулираа паралелно процесирање дури и кога се извршуваа во рамки на секвенцијален хардвер.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дедо ми тогаш се сврти кон тате.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Време е да си одиме,“ рече Паулина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Еј, Спиро“, се сврте кон мене со тил. „Ти си носел со кираџии железо од овој крај. Далеку ли сме од селото на свети Гаврил Лесновски?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ме фати со едната рака и ме сврти кон себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборовите ги чу само оној селанец што беше веднаш зад него, но не разбирајќи ги, се сврти кон другиот селанец и му прати прашувачки поглед.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во прво време се предвидува да се сврти кон Езерото реката што е најблиску до градот, на која не ѝ треба многу напори за да се сврти кон него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Изгубив надеж дека ќе ве најдеме“, рече столбот; се сврте кон богословот: „Остави нѐ насамо.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ајде, ајде! Јас чекам! Лев Петрович беше свртен кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Првин ја сврте кон родниот брег, ја бараше нашата куќа, на чиј праг ја остави старата мајка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Стариот писател го врати погледот во собата и го сврти кон мене: - Сепак, останува еден проблем што мене ме збунува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Значи, - се сврте кон нас, - јунаците се исплашија, а? - разочарано додаде.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Братучедите како да се чуваа да не видат некој срам, се свртеа кон грб кон врата и гледаа преку авлијата кон зајдисонцето каде што небото со стемнувањето потемнуваше добивајќи ја мрачната боја на дното на езерото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Ти тежи војната?“ ја праша. Таа се сврте кон него, неочекувано грда, бескрвна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шишман на тоа се облиза и се сврте кон Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Осум деца, се свртел кон најблиските.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ајде,“ реков. „Облекувај се,“ и се свртев кон ѕидот, за да не го видам доктор Фројд по гаќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се ни сврте кон луѓето да ги отпоздрави.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- А на Васил нема да му го избришеш приборот? - се пошегува тетка Марија, наместо да се навреди, а потоа се сврте кон мене и ми рече, - Знаеш сине, тетка ти Олга мисли дека сум многу нечиста, а не сфаќа дека јас само не сум толку чиста како неа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој безнадежно се сврте кон Кети. „Што значи Домаќин, Кети?“ Кети одмавна со главата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вистинската привлечност на игрите со зборови, според Жан Пол, е „зачуденоста над случајот што се движи Fabrizio Clerici-Римски сон низ светот играјќи се со звуците и деловите на светот“, и „слободата на духот што сјае од нив, и во состојба е погледот од нештата да ги сврти кон нивните знаци“.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А потоа се сврти кон мене но и понатаму зборуваше гласно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рафалите му го тресеа целото тело, рамената, рацете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Како дојдов?“ Агентот се насмеа и се сврте кон Марија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нашите насолзени очи се свртија кон него.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Моето внимание сега беше свртено кон содржината на ферманот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Александар, Денко, одиме! - па се сврте кон старецот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Онисифор Проказник се свртел кон него со строгост на постар иако, како и другиот, не можел да има повеќе од триесет и три или четири години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, уште веднаш потоа мечката пак се сврте кон него, застана сега веќе без никакво двоумење, решена да достои на својот грабеж, како и таа да знаеше дека тој во пушката има само уште два фишека, просто подметнувајќи му го своето тело за тој да ги исфрли уште нив и потоа да ја пушти на мир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа се сврте кон другиот војник, кој беше останат зад ѕидот под мисериштето: - Ела, Миладине. Ела.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Боге од Бањи го носи сандакот - јавуваше Даскалов. -Сега можеш да ја запалиш големата свеќа. Погледнав повнимателно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече: „Ана веќе нѐ чека.“ Се свртев кон ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потем се сврте кон темата што најмногу го копкаше: - Почитуван секретар Јаворов, другари.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Едниот од стражарите грубо ѝ викна: - Дур, мори ѓаурко!47) Жената се збуни, застана малку, се сврте кон муљазимот и го замоли: - Муљазим, ефенди, ги носам чергиве од перење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се сврте кон двајцата мажи кои прашално и со зачуденост го погледнаа влегувајќи во бемвето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Точно, тој не се сврти кон мене туку неговиот показалец...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Секогаш кога влегувам во просторијата за сослушување иследникот стои пред прозорецот со грб свртен кон вратата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Шлаканицата што следуваше беше најсилниот удар што го имаше видено во животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа се сврте кон мене и ми рече: „Пропаѓаш во жива песок! Да те задржам?!
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
В миг сите очи се свртија кон дрвото што беше во рацете на Аритон Јаковлески.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога таа се сврте кон него, веројатно непријатно изненадена дека некој ја набљудува, тој не го тргна својот поглед од неа. Само навести насмевнатост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А тиа, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите. Навистина можев да здивнам. Привремено.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се свртив кон него. Погледот му беше продорен и вкочанет.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се исправи, сиот свртен кон противникот, кон неговиот глас: „Зошто ме навредувате? Ваша жена ли милував?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„*Сега јас ја преземам работата*“, рече Хрисостом. Карер му потврди на владиката. Утредента, скудната декемвриска сончевина го затече владиката пред штабот на Беренц.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се свртев кон Роско и се налутив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се обидува пак да се сврти кон нас и после само легнува, ја препишува водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да. Занесен, интензивен, страсен, полн со љубов - заборавив.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога се сврте кон кпетанот, овој забележа на неоговото лице боја на зло.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го рече ова и се сврте кон мене. Дури и подзастана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Погледот повторно го сврте кон нашата куќа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се сврти кон тројцата и почна да ги загледува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Враќајќи � се повторно на уметноста по седумнаесетгодишна пауза тој се сврти кон детската уметност 1942. токму во горе споменатиот контекст, и кон „art brut”, 1945. година, како што тој ја нарекуваше „работата создадена од луѓе недопрени од уметничката култура”, вклучувајќи ги тука и децата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
При онаа ненадејна средба на мостот. Лев, исто така ненадејно, се сврти кон неа и прескокнувајќи ги сите оние, со години пропуштени реченици, „како, каде си, што правиш“, веднаш ја запраша: „Се сеќаваш на киротериумот?“, а кога таа, заварена и радосна, само немо климна со главата, тој продолжи: „Има нешто што нè обзема во отсутноста.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Стевчо со погледот испитувачки рашета низ удолницата, а потоа се сврте кон Ивана: - Иве, ајде да стркаламе по еден камен надолу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Ќе дојде ли Зигмунд?“ „Ќе дојде,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Попот сврте кон манастирот и тогаш пак се сетив на отец Висарион. Кога клоцаше како обеспрашена пеперуга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Како што тргнала работата, не ни останува ништо друго освен да го чекаме мигот кога тие, од некоја цврсто стокмена сцена, ќе лиферуваат лозунг: „На Македонците им е доста од седумтте уметности, сега ќе треба да се свртат кон онаа што ја прават политичките партии.“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Па како си?“ најпосле се сврте кон него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Наеднаш застана и се сврти кон мене: - Ајде, објаснете ми ако можете каде се наоѓа таа сега?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш се сврте кон Наде и рече : - Имате ли некакви вести за Карл ?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа повторно се сврте кон Милан и гледаше во него со збунет и вкочанет поглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И Татко беше облечен во својот единствен костум за мејдан, очекувајќи го својот пријател, на последната дебата околу гастрономијата и јазиците, поточно за местото на османскотурските зборови од областа на исхраната, пијалаците, кои со векови се наоѓаа на заедничката трпеза на Балканците, обајцата убедени дека исхраната обележува една цела цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мислам дека не постои жена која после пробата на „Дрвеница“, ќе се сврти кон Мајаковски, Мерхолд или Шостакович и ќе посака од нив да не се глупираат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Никогаш во животот не сум те видел, - му реков и се свртев кон тврдоглавиот катанец.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се свртев кон неа, таа лежеше на креветот до спротивниот ѕид од собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тие, штим-мајсторите на судбината, беа мали, не смееја да ги свртат кон мене валтерите, беретите и колтовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Почекај, помисли, па се изви, се сврте кон ѕидот, испотен, без да ги отвори очите, бесно процедувајќи низ заби: Треба да си сигурен!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Старецот ја спушти црпката за млеко и се сврте кон внукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Куќата е на еден кат, со задниот дел свртена кон селото, а со лицето кон езерото; кога ја градеше куќата, жена му го тераше да кренат уште еден кат, но тој не се согласуваше; ѝ велеше: „Куќата е како дрвото: за да се крене повисоко - треба да пушти подлабоки корење, а ние сме тенки во парица: не можеме ни надолу да одиме, ни нагоре“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А потоа, кога веќе стоеше пред стаклото се сврти кон мене чекајќи ги натамошните упатства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа вечер беа собрани по повод книгата раскази на мајка ми која неодамна излезе од печат, ама за тоа ни збор не рекоа, туку се свртија кон омилената тема: бизнис.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
О'Брајан се сврте кон Винстон со насмевка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Е, така... – Таа се насмевна задоволна, се сврте кон командантот и му рече: - Гледаш? Така треба. А не веднаш - строј се.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури сега Едо селанецот бавно, како да се напнал под претежок товар, почна да ја крева главата; се сврте кон авторот, го изгледа како одвај сега да го забележува и со прилична спокојност рече: „Јас немам што да мислам“, рече и пак ја ведна главата и го закопа погледот пред себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И јас го сторив истото, мижејќи го вдишував спокојот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се сврте кон неа и ѝ се насмевна, во синилото на очите му засветка онаа возбуда која човек ја чувствува само еднаш во животот, на седумнаесет години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога Јосиф едно време се сврти кон нејзините, кои и натаму така свечено стоеја покрај креветот, со задоволство виде дека и нив, и покрај загриженоста, очите им зрачат со радост, поради радоста на Сандра што ѝ е тука Јосиф.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се џарев во темнината. Очите ми гореа и ме печеа како тогаш кога имав сипаница.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога минуваше токму пред нашата куќа таа се сврте кон нас и поздрави насмевнато.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Признавам, ме измести од лежиште овој напад, ми требаше време да се приберам и пак да се свртам кон моите интересирања.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во една таква шамата не ги ни чуја шлапкањата надвор по вировите, ама кога во влезот се растропаа котлиња кога некој не ги погоди басамаците и бапна во темницата, многу глави се свртеа кон влезот во просторијата на кој немаа ставено препрека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Изговарајќи ги последните зборови, се сврте кон мене, ми намигна, и продолжи: “Знаете, брат ви неодамна објави книга за соништата, за некакви едипови комплекси, за таткоубиства и мајкопосакувања, за свесно и несвесно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Остави го, - го запре чичко Лозан и повторно се сврте кон Колета: - После? - Не знам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се сврте кон нас, само климна со главата, и пак се загледа во нередот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дури и ја сврти кон мене онаа страна на кората каде што ги запишувам со мојот нож посебните знаци на сопственикот на бостанот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Мојот племјаник спомнува некои имиња. Божем наши роднини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се свртев кон Езерото. Бев уште поосамен во синиот бескрај.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа се сврте кон мене со зачуден израз на лицето. Нешто не ѝ се допадна во тоа што ѝ го реков.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Огнот е секогаш свртен кон небото, вели и го одврзува конецот од урката. Зема кибрит да го пали. 148
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Да одиме“, се сврте кон неа со празно шише в рака.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„А кому му зборуваш?” се изненади Стариот писател и го сврти кон мене својот испитувачки поглед.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се кикотеа држејќи се за стомаци, а дедо Ангеле, како ништо да не било, се сврте кон комитите: - Како сте, што правите? – ги поздрави тој нив сосем сериозно и како што личи на луѓе и пријатели.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Келнерот го послужи со млеко и пак се сврте кон автоматската каса.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги покри клавишите со дланката и се сврте кон мене со гест на благодарност што следува по бурен аплауз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Камилски, откако ја измина на брзина пустината од заемките именки и ги постави на патот најкарактеристичните зборови, се сврти кон заемките придавки, броеви и прилози.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа се сврте кон отоманското минато.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Погледите на сите се свртија кон Карев.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И стана од столот, па се сврте кон Митра скоро навредена што таа не се сетила дека веќе е доцна, Митро мори знјш коа коа е?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„... Јас очекував да ме покани да седнеме, но таа намами кон внатрешноста на собата, се сврте кон мене, ми се загледа право в очи и, приближувајќи ми се подадено,очигледно охрабрувајќи ме, се почувствував толку слободен што ја потфатив со двете раце околу слабините, а таа, за возврат, ми ги фрли своите две раце на рамената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Слаб да биде рамноправен во овие дискусии, Гарванов во еден момент се свртел кон присутните: „Не го слушајте, тој не е народен човек, тој е анархист!“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Готвачот се сврте кон другите војници и почна да им објаснува.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Човекот се сврте кон редот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тогаш, таткото се сврти кон првиот син: „Еве, сега виде во што се разликувате.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неколку пати шмркна, свртен кон ветерот, испитувајќи го воздухот, барајќи некаква посебна миризба во неговото студенило.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во почетокот на 1944. година, Дибифе направи збирка од извонредно сликовити и упадливо динамични детски цртежи, впечатливо слични со делата од раните и средни 40-ти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овојпат второто преплавување на шолјата врз теписонот беше проследено со неколку безгласни, панични восклици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Дедо се сврти кон иконата и се прекрсти: - Мир и царство небесно дај му Господе и прости му јa душата...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се сврте кон девојката на шанкот и ја повика со раката.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го сврте кон мене долгото, елегантно и страдалничко лице на своите пуритански претци и ми ја пружи раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
С. се сврти кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А в сабота ќе одиме да купиме сè што ке ни рече учителката“, вели мама и се сврте кон Влатко, „земи си појадок.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Значи, се двоумиш. Не ти стиска ... - му дофрлува Коле обземен од некаква силина и се сврте кон нас: - Другари, напред на авионот!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Девојката се извила со чуден, ни грлен ни носен извик. Се обидела да се искорне од живата стапица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сврти кон Сандра како да сакаше да ѝ се извини за воздржаноста.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По пауза, полека се сврте кон неа во постелата, со дланката ѝ го обложи голото рамено: „Зарем не знаеш колку многу сакам да ми бидеш жена...“ ѝ рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Секако“, вели тој, „јас и така не доаѓам со вас, ќе останам кај Роза“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Револверот не ти го давам“, рече, а брестот, тој долгоног младич со модри жиличиња на челото, се сврте кон војниците.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Среќен пат! - викна човекот, а потоа се сврте кон детето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога се отвори пердето, за момент во чудо ме погледна, се сврте кон неговиот другар и воедно негов колега, и ми рече: „Отворете уста“, а мене ми беше јасно дека, ако јас сум шерет, тој е барем 10 пати пошерет од мене затоа што едно тенко црево со камерче кое го извлече од една лигава вода во кофа, која толку многу ме потсетуваше на тенџерето на мајка ми (спомен од Соко Бања, со точки), заврши во моето грло и надолу, сѐ до желудникот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Птицата се сврте кон него, го фокусира шашливиот поглед преку нишанот на својот клун право во неговата глава, па кресна нешто просто и пцостно, го напрчи ветрилото на опашот и навистина одлета, ама не како избркана туку како поканета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Стави го, - рече Србин и се сврте кон војниците зад нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Човекот се сврти кон редот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Двајцата офицери слегоа и почнаа да туркаат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се сврте кон мене и ми се загледа во лицето обидувајќи се да каже и да чуе повеќе од било кој нејзин или мој збор што би бил изречен во тој момент.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Режисерот за час го остави дневникот. Се сврте кон мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога седумдесетите години Ворхол се сврте кон светот на модата и шоу-бизнисот како предмети на неговата уметност, неговиот храбар стил на изработување на портрети доби силно акцентиран момент на грубост - дури и вулгарност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А потоа се сврти кон отворот во ѕидот: -Јана, зарем уште ќе чекаме? - го крена гласот Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Се сврте кон отец Серафим: - Оче што треба првин да се обави: погреб или венчавање...?
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Само ја сврте кон братучедот:ги отвори очите, го опули прашално. - Ги нема, - рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Јас ти велев дека ќе останеш сама.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По некое време тој рече: „Готов сум.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека ептен не се стемнило редно е да се потроши уште некоја насмевка и да се направи уште една пируета во бескрајот на детството секако ќе има време да се забрише и правта од чевличките, малите бели чевлички па сите срамежливи погледи и палави мечтаења и сновиденија да се стуткаат како алишта во куферот има куфери што набабруваат од насмевки пред за последен пат да застанат на перонот на црната неизвесност тринаесетгодишната ханичка брадјова тринаесет пати се закашлува пред да се качи во возот кој има само последна станица ханичка тринаесет пати се сврте кон багремите кои од навика чекаат нова пролет за расцутување фрли поглед и на омиленото бело облаче на кое гулабицата неуморно павташе над седалото за недосмеани насмевки.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Брат ми се стресе и се сврте кон мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сврте кон ротниот: - Замислете оној да е. Како ѕверски ќе изгледа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дури сега, (значи со прилично задоцнување), почнувам да се сомневам дека иследникот нешто ми рекол или ми наредил.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се обиде нешто да каже, но гласчето сосема му се исуши, а погледот бавно гаснеше, вртејќи се кон куклата со крвава трага преку ликот. Раката му падна на креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сврте кон присутните и побара цигара.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ќе се сврти кон мене, а јас ќе му се поднагалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се свртија кон моќниот стрм врв кон северозапад и ги заковаа погледите за неговото моќно, сиво тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Камарад. Како ти се допаѓа ова?“ Лампионот спласна и се сврте кон богословот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Ти учиш, - се сврте кон мене тетка ми, со израз на лицето како нешто добро да ѝ паднало на памет.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Режисерот само толку ми рече, а потоа со исполнета чашка се сврте кон актерот и директорот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Потоа се сврте кон мене и рече: “Како во тие зборови да е сѐ што останало од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- А вие кој сте? - му се сврте управникот на Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Драган итро се сврте кон Зоки и свика: - Признај!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеше да им се љубува од својата далечина, сѐ додека сите тие четири познати лица во еден миг не се свртеа кон него и сè додека не му се загледаа во очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го фатеа, ќе го смиреа и ќе го прашаа што му се случи, зошто вика, а тој ќе речеше: - Не знам, така ми дојде нешто... - и ќе почнеше да се присетува дали го сонуваше тоа или така му се пристори дека наставникот со кредата со која пишуваше на таблата, во еден миг се сврте кон него, и престорувајќи се кредата во стрела, почна да го гаѓа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Веднаш да одите додека некој не ве испреварил... “ рече Васко и се сврте кон Еда: „Ти имаш со што да станеш свој човек. Не го гледај овој копук Марка...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во такви моменти не сакаше никој да му влегува во ателјето, па и жена му, а и кога ќ е влезеше тој само мигум и само со крајчето на окото ќе фрлеше поглед натаму, без најмал напор ниту пак желба да го препознае онега што влегол; а не пак да му прозбори или да му отпоздрави.  Но овојпат, спротивно на нејзиниот навик, упадна жена му среде разгорениот оган на неговата творечка работа, И без да му остави и миг за да се сврти кон неа, прозборе со глас што одвај ѝ излезе од грлото: „На Нако му се слошило!”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Излегов надвор, зедов пет-шест голашки подебелки, ги преграбив пред мене што повеќе да ги придржам на стомакот за да ги додржам во рацете и се свртев кон дворот пред да се вратам дома.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ја разгледа од главата до петиците и од петиците до темето, како кога човек се мисли дали нешто да купи или не, се сврте кон Еда и Марка и шетајќи го погледот по бетонскиот под, како за себе но доволно гласно рече: „Јас би сакал да имам среќа да најдам ваква девојка“, рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа се врати, гледајќи го од прозорецот, го виде неговиот светликав син бјуик како сврте кон портата и се упати накај задниот дел од куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А потоа, неочекувано се сврте кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се сврте кон неа, а таа веќе беше тргнала пред себе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Кој ќе ви мачка лепчиња, бабини, кога ќе се враќате гладни од училиште? А, речи, кој? “ - се сврте кон мене баба.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)