сврти (гл.) - ум (имн.)

На влезот кон тоалетот имаше мала винарија со оригинални примероци од вина стари и по стотина години, а од цените ми се сврте умот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
„Учи ме како да ѝ го свртам умот на жена ми да не оди по други“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На тоа дедо ми му одговори вака: - Едно рулче магарето на Петрета не го претоварува, а ако претка таму, Петре ќе знае да му го сврти умот да му оди таму каде што треба да му оди.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас се преправав дека ми го сврте умот, - а и некако ми стана жал за Аљоша.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Музиката, пак само од грамофонски плочи, ечеше толку силно што се чинеше дека ќе ти се сврти умот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нѐ напушти, ја прошируваше приказната, една како тетка ти Ангелина, знаеш, како мајка ѝ на Евгенија, му го сврте умот, џенем фатија!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)