свири (гл.) - саксофон (имн.)

Дедото свири саксофон: - Оваа песничка ми буди носталгични навраќања во бурните денови на младоста. Ах! Ах! Уф! Бев недостижен! Немилосрден!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Се сеќавам дека, пред да почнам да свирам саксофон, се воодушевував на извесни прочуени мајстори: Чарли Паркер и Вејн Шортер, на пример.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реков дека пишувам песни, одлично вежбам на разбој и дека свирам саксофон (младите во тие години мислат дека се сестрани) и дека од тие три нешта ќе изберам едно за моја професија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)