свика (гл.) - мајка (имн.)

- Каде ќе одиш ваков? - свика мајка ми. - Погледни се на што личиш!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Знаела и да свикува – си реков и ѝ додадов уште еден поен плус.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Прекини – свика мајка ми и мошне ме изненади.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)