свика (гл.) - баба (имн.)

- Леле, што си барал таму, црни, Борисе! - свика баба ми, нудејќи му чашка ракија на милиционерот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не туку врескај, од ум ме извади – свика баба Менка, баба ѝ на мајка ми, мојата прабаба што таа ја обожава и често ми раскажува за неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Никаква Анка, никакви глупости! - свика баба ми. - Знаеш ли ти колку далеку живее таа? Дури на Бит-пазар.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ај си одам – реков – ќе имаш компликации поради мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ауу, скраја било, не зборувај така! - свика баба ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)