сведува (гл.) - идентификација (имн.)

Овој исказ не ја претвора Милдред Пирс во геј-маж и не ја сведува идентификацијата на геј-мажите со неа на прост идентитет – на огледување, на себепрепознавање и на консолидирање на геј-егото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што отпрвин личело на посебна опседнатост на геј-мажите со ликот на мајката излегува дека повеќе имало врска со оптоварениот однос на геј-мажите кон опасно заводливата, угнетувачка, неизбежна, беспомошна и кон трагичност склона улога на романтичниот љубовник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, тој значи таа да се разбере како можност за геј-мажите да најдат заменски идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се однесува буквално на самото мајчинско, но алудира на емоционалната состојба што ја вообличува мајчинското – имено, абјектната состојба на некоја што верува дека нема избор, освен безусловно да сака... додека не ја дотуркаат до самиот раб. ‌Навистина, ако една од функциите на кампот е да се наврати на сцената на траумата и да ја преодигра таа траума до степен на урнебесна преувеличеност, за да ѝ ја неутрализира болката без да ја одрече, тогаш конкретната драма што ја преодигрува уживањето на кампот во мелодраматичната сцена на судирот мајка-ќерка во Милдред Пирс не е трауматичноста на мајчиното отфрлање, туку трауматичноста на безусловната, неменлива, бескрајна љубов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)