свари (гл.) - кафе (имн.)

Кога се разбуди, Адем беше истрезнет, се изми и му нареди пак на Катето да му свари кафе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Домаќинот мораше да им свари кафе и да ги почести со него. Не смееше да ги остави сами.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Лажичето, со кое го мешаше кафето, му падна од раце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Џулија се разбуди од пеењето, се протегна во сласт и стана од креветот: „Гладна сум“, рече. „Ајде да свариме кафе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Џулија стана, ја навлече униформата и свари кафе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во меѓувреме во библиотеката влезе госпоѓа Камилска со две жолти бакарни ѓезвиња со сварено кафе и два мали филџани во бакарна навлака и две мали празни чашки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А таа лежерно го замоли Томо да ѝ свари кафе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Та сега, додека таа одеше онака кон шпоретот да ми свари кафе ми се виде цврстичка, некако јака во тие нозете иако прерасчекорени, а и во задникот не ми се виде лоша.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И ја гледам јас таа женичката негова – овчичка, ама сака да ми свари кафе. Ајде нека ми свари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но потоа, старата го распрета огништето и се обиде да го свари кафето откако претходно ги истолчи печените зрна со ќускијата за слануток.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Додека ја чекам да си свари кафе, ги подраскревам набрзина моите предмети што сум ги заборавила врз масичето каде што таа има обичај да си ја стави шолјичката и пепелникот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми свари кафе за нив двајцата, а брат ми купи кока-кола.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа значеше дека атмосферата е пријатна и дека „састанакот“ ќе почне во добро расположение, иако никогаш не се знае дали во меѓувреме нема нешто да се случи што ќе предизвика нервоза, па дури и ситни кавги.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
— Месив зелник со праз, вели, или да ти сварам кафе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КЛАУС: Напијте се кафе со нас. Сварете кафе, господине Сивиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Благодарам, не пијам додека су на должност, - рече тој, - но, ако ми сварите кафе, нема да одбијам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
А другпат, место да чека, невестата сама нека си свари кафе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Домаќинката, откако ја искажа својата љубезност кон гостинот, се готвеше да стане да свари кафе, а на двајцата колеги и пријатели не им беше тешко да навлезат во пријателски разговор и не забележаа кога кучето, речиси прикрадувајќи се, почна да се приближува кон гостинот полека влечкајќи се на задните нозе и истовремено оближувајќи се и одвај чујно потквичнувајќи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мајка ми и покрај сѐ беше готова да донесе слатко од дудинки, да свари кафе, но шефот ја прекина: – Заминуваме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мама свари кафе, седнаа тројцата да се напијат и баба да се успокои.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Откако ручаа Мими ги крена садовите и отиде во својата соба да пишува домашни задачи. Мама Злата свари кафе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо Бошко, откако ѝ рече на снаата да свари кафе, му кажа на Лумана: - Те чекав уште неќна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едно време ѝ порача на жената да им свари кафе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)