сака (гл.) - свој (прид.)

Софијанци ги сакаат своите паркови, своето зеленило, цвеќињата, цветните алеи, знаат да ги ценат и љубоморно ги чуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вујче Чарли многу ја сака својата внука, но не толку доволно колку таа него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Крај.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа е филм без декор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Филмската ситуација: жената верува дека нејзиниот маж е убиец, не е така посебна како ситуацијата во книгата: жената открива дека нејзиниот маж е убиец; а ми се чини дека филмот има поголема психолошка вредност од книгата, бидејќи карактерите се подобро изнијансирани. •Хичкок: „Се согласувам, но вистинскиот крај на Сомнеж никогаш не е снимен: Џоан Фонтејн ⥊ пишува писмо на мајка ⥊, во кое ⥊ кажува дека го сака својот маж, но дека чувствува оти тој е убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А за да биде сосема приврзан за неа, Митра ја излеваше сета своја женска нежност и му го правеше животот пријатен, толку повеќе што и таа не го сакаше својот стар маж Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги прогласуваа за југенди сите оние кои си ја сакаа својата земја, а оние кои ги бранеа правата на педерите беа прогласени за прозападни демократи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А си ја сакаше својата работа како што си ја сакаше својата градина - осигурувањето на работниците, како и калемењето на дивините.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој не сакаше својот пријател да го упатува во најновите настани во врска со сиџилите, да му зборува за нивното објавување, а и за своето оддалечување од нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Инаку, тој ги сакал своите блиски, своите другари и својот народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Многу од авторите кои сакаат своите творечки изјави да ги пласираат како постдрамски ќе кажат дека најдобро дело е она што не е напишано со зборови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но, никогаш не престана искрено да ги сака своите браќа, сосе сите нивни човечки маани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Бескрајно ја сакаат својата публика, ама само на концерти.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сакаше својата исповед да ја наслика како слатка одмазда за она што ѝ го нанесе Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
(...) Но, иако цврсто тврдејќи дека „како човек и граѓанин, поетот ќе ја сака својата татковина, но дека татковината на неговата моќ и на поетскиот чин се Доброто, Благородното, Убавото, кои не се поврзани со ниту една покраина, ниту со една посебна земја, и дека она со што се занимава поетот се наоѓа и обликува без некои специјални закони и е непредвидливо“, Гете сепак се разликува од класичните слуги на Доброто, Благородното и Убавото: етничката група за него не беше само случаен туку творечки елемент на постоењето.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, таа секако многу си ја сака својата професија и би сакала независно од тоа што мисли фамилијата, да работи и креира.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гоше беше вистински патриот и многу си ја сакаше својата татковина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таа ја сакаше својата работа, која се состоеше главно во управување и одржување на еден силен, но компликуван електричен мотор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговата заборавеност се должеше на желбата да има повеќе војници, оние мали оловни војници кои, иако неподвижни и неми, секогаш и секаде ги победуваа битките и војните мрачни, иако невини и безначајни за времето, проколнати од недолжноста, малите оловни војници беспоштедно го сакаа својот генерал, мојот неповторлив другар.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Иако не бев баш најсигурен што сакам, бев сигурен дека не сакам својот живот да му го посветам исклучиво на филмот - сакав да се посветам на сѐ - а такво нешто сигурно не може да се направи во една канцеларија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Браче Трајко едно бара, браче Илко друго, мажот Стојо трето, а секое дете си го сака своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во длабините на своето битие не престануваше да го разбира и сака својот човек, да ја споделува со него и последната надеж за среќниот излез.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првата етапа на егзилот беше Струга од каде што таткото сакаше своите да ги одведе во Америка.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не беше сигурен дали ја сака својата работа или не, но тоа беше работа и тој ја извршуваше добро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Според Емери, тоа била "добра идеја" и требало да се искористи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во разговорот со Емери лицето Х истакнало дека "има рак и оти му остануваат уште шест месеци живот... и сака својот живот да го заврши славно, па ако ние му дадеме посмртно одликување и ако се грижиме за неговата жена, во случај да ја добиеме војната, тоа би се обидело да го убие Хитлер".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сакам да речам дека сон е тоа што сакаме свои на свое да сме, значи да си имаме свое име и презиме, да си зборуваме и да пееме на свој јазик и поради тоа да не бидеме тепани, осрамотувани и влечени по судови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фимка ги погали чорапите, ги допре со образот небаре сакаше својата топлина преку нив да му ја пренесе на чедото и, свртувајќи се, тивко појде.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Да веруваме дека стигна до болницата. А таму лекарите ќе знаат што да прават... нашиот сосед, поп Васил, секогаш ни велеше дека Господ еднакво ги сака своите чеда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Но, тато, - се побунив, - како е можно родителите да не си ги сакаат своите деца, како може да не живеат со нив, да не ги прегрнуваат, да не си разговараат меѓу себе, да не...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)