сака (гл.) - сам (прид.)

Да не е снаа му Митра, сака сам да месе, сам да пече, сам да се пере и крпи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Нејзината база беше изрека од енциклопедијата „Мислило“, која во здодевните денови ја разлистував, а ветуваше голема помош доколку човек сака самиот да си помогне.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сѐ одеше мазно, без опирање, онака како што сакаше самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Уште сака сам да си ја пресече главата и сам да си ја носи под мишка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ги оставам другарите, сакам сама да го најдам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако сака сама да оди кај нив, да ги посети, не ѝ забрануваше.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ама, некако не ни дозволуваше да и помогнеме! Сѐ сакаше сама да направи!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никому ништо не плаќате! Тоа многу убаво го знам јас, па затоа и дојдов со беговите и сејмените да соберам што не сакате сами да донесете.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не сакаше сама да учествува во радоста на мајка Роса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А кога е осамен, а не сака сам да биде, ќе почне да си зборува со себеси: се борев, прашува, се бореше, сам си одвраќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)