сака (гл.) - негов (прид.)

Мусли бег не беше подготвен така брзо да го прифати предизвикот на Дамчета, но и не сакаше неговите да помислат дека се уплашил, па, не испуштајќи ја пушката од раце, рипна од коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Велгоштанецот мошне арно знаеше колку многу ги сакаат неговите приказни луѓето од тајфата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Времето пролетува покрај нас, а јас му кажувам на Карло колку го сакам неговиот роден крај.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Таа сакаше тој да ги изеде, таа сакаше неговиот метаболизам да го преработи неверството во неговиот систем, така што неговото тело ќе може да го апсорбира тоа неверство и да живее со него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оваа група на фанови денес е малубројна, ама затоа пак ние кои што толку го сакавме неговиот сиромашен роднина Пајо, сме во мнозинство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Песок“, му рече. „Густ, врел песок. Го сакам неговото чкртање.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веруваше дека Африка е приказна, а Марија (Марија, не Јанко) ги сакаше неговите приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Хана Минцер кај него ја сакаше неговата јудејска страст која ја потсетуваше на далечни земји и на егзотични мориња со сини и топли води над кои кричат галеби, наспроти студеното море и небо кај Данцинг во кое имаше челична боја и близу кое беше родена и таа, како и неколкуте генерации на нејзините германски предци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веќе остаре­ниот дедо сакал неговиот најстар син, вториот столб на семејството, да земе невеста од што е можно подалеку.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)