сака (гл.) - љубов (имн.)

Овој свет не ми е достатен за да престанам да сакам љубов моја: само за него ми треба повеќе од еден живот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Полека ја одгатнувам мојата мака Додека залудно букви си штракам (Дури и луѓето кои ги сакав Љубовта моја ја сметаа за млака) Неможејќи вечно да се убедуваме (Јас и зборот понизно се помиривме) – Грда судбина си пресудуваме 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)