сака (гл.) - човек (имн.)

Коа чуја старците тие зборои од царот, му се поклонија и си отидоа дома, та седнаа да мислат кој збор каков је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си трчав, а по предлог на подржувачот, застанував и влегував во културните институции, специјализирани за анимирање на музичко - сценскиот, литературниот и ликовниот живот во градовите (сакаше човекот да ми приреди и пријатни мигови во напорната работа).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овде коа сака човек работот, а коа не, не; тамо било инаку: сакаш, нејќиш, со сила те тераат на работа!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Колку за гуски кубење, пријателе - му одгоорил старио - многу сум мајстор, само ако ми паднат в раце.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Не разбрав што сака човекот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Може некоа друга си сака човекот?“ си мислеше Ката, а надешта ѝ беше во Адемага.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ебати беља, си велам јас, сѐ наеднаш сака човеков, А го гледам калпазан, ми бара, ама не притиска, туку како колку да помине редот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)