сака (гл.) - цвеќе (имн.)

Таа отсекогаш ги сакаше цвеќињата и се восхтуваше од нивната разновидност овде, на нивните необични форми и бои, но сега еден вид мијазма надлетуваше над ритчињата од флокси, над купчињата од маргаритки и над куполите од шипови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу сака цвеќиња. Оној најцветен балкон на првиот кат десно е нејзин.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Не сакаме издувни отровни гасови!!! - мама Злата го здогледува Влатко, и Филип, Иван и Ивана, и Жарко, и Мирко... нејзината насмевка се здружи со нивната радост - која брзаше накај музиката и песната - Децата сакаат цвеќе, децата сакаат мир! ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кемал многу сакал цвеќе и денес секогаш неговата вазна е полна со цвеќиња од сите годишни времиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)