сака (гл.) - себеси (зам.)

Суштеството беше премногу запоставено, желно за мирен сон, гладно за духовна храна, премрзнато од студените погледи на Еразмо со кои секојдневно беше шибано, како потсвесна самоомраза, небезбедно од острите стрели на стравот на Еразмо, што напаѓаа со налет врз него секојдневно, згора на се, осудувано со самообвинувања поради немоќта да се сака себеси.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не те зафати бура, а така нешто во тебе се скрши, во твоите мисли, во твоето чувство кон луѓето и светот нешто се променило и сакаш себеси да се убедиш дека не постоиш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа може да се сака себеси и нема да се скрши.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дури и Петар, оној што сакаше себеси да се прикаже како најблизок на Учителот, го проколна Ананиј не поради неговите убедувања, туку поради тоа што овој го измами за пари кога, сакајќи да се откаже од материјалното во име на духовното, та продавајќи ја нивата за да им помогне на апостолите, не успеа сосема да ја победи својата потреба за имот, па на Петар му даде само половина од парите од продажбата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)