роди (гл.) - мајка (имн.)

Испратил тој неколку цареви од оваа земја - и турски и бугарски, и српски - а самиот, слава на господа, останал каде што родила мајка му.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Братче ќе ти роди мајка ти...“ се насмевна Божило.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
- Како не роди мајка ти една вреќа гасеници, вели Наќе, само тебе да не те родеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Друг искрено го сожалува: „Така ти било пишано да живееш сам како диво осле, како што те роди мајка ти на нивата...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како може синот да си ја роди мајка си...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)