реши (гл.) - тоа (зам.)

Си реков, ќе чекам знак од судбината и волјата Господова. Така ќе го решам тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега посака директно да налета на Даниел, некаде надвор на теренот, и да го реши тоа што е можно поскоро на отворен постор, под небо, наместо да го бара во длабочините на оваа цементна крипта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Можеби имаше и некое ново јагне, но реши тоа да го установи напладне, кога ќе го пушти добитокот да пие вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Решив тоа да го сторам наврапито, на мигови и против своја волја. Татко не се противеше.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бугарија до сегашното востание немаше политички опит за решението на македонското прашање, ете зошто сите маневри да се реши тоа излегоа јалови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)