рече (гл.) - уште (прил.)

За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Десет илјади, му рекоа, а тој само што не прсна, какви десет илјади за оваа сува слама во измитарена кожа, кога тоа чудо нема ни заби, немаш заби ни ти, му рекоа браќата, понесени од љубовта на Отец Симеон за белата душа и рекоа уште нешто, заради што пенушката помодре и им ги покажа забите, па тие веднаш се снајдоа и го одвлекоа коњчето, сеедно, не е само тој купувач на овој вангелосан свет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја прашав каде ми рече уште долу. Рекоа тука е крајот таа рече уште долу. Слегував, Слегував, не стигнав. Од каде почнува?
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Ти сакаш да ме бациш!“ неочекувано и исплашено му рече уште повеќе подавајќи му ги своите усни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
СОФРЕ: Седи, море, малу! Не расипувај ќејф. Да речеме уште една песна пак одете.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пак кога знаат оти сакам да се женам и ќе им се запулам! (Општо смеење.) (на жетварките). Ајде мори, речете уште една!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Му дојде сега и она тага, што требаше да му биде заедничка со неа, но која секогаш продолжуваше да останува само нејзина тага, од тоа, што таа не можеше да му роди уште некое дете; тоа лекарите го рекоа уште веднаш кога го имаа Јовко.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Тогаш, добра ти ноќ, - му прошепна, легнувајќи. - Сакам да се чувствуваш како дома, - му рече уште.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И рече уште дека, ако дојдат во Телок, не е чудно да се спуштат дотука и да се обидат да нѐ фатат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ѝ го реков уште и тоа оти е добро што сето ова се свршило во еден ден.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакам да му речам уште и дека вистината не брза да зајде иако секогаш не зависи од нашата волја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)