рече (гл.) - после (прил.)

Извика: - Да не речете после оти не сум ви кажал, - рече и пак замавна со секирата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ама пак да не рече после оти невидена појду, нека дојде најпосле и он утре со дедот Петка, па и нека ме виде, немој утре пишман да се праве, да ви а к'не душата како на дедот Петка, така и тебе, а мене да ме тр'е сол на главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ама не е така, не ќе е така, ќе си речам после, не може да лаже радиото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)