рече (гл.) - најпосле (прил.)

„Ја знам оваа зграда“, рече најпосле Винстон. „Сега е урнатина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Да чуеме“, рече најпосле. И знаев дека сега ќе разговараме, како што секогаш разговаравме, цели три часа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
– Ја свршивме некако работава! – рече најпосле задоволно шефот откако пивна последен пат од ракијата, па на заминување дофрли: – Ќе одеше побрзо, да немавме толку неписмени во нашите редови...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Не мора таа да станува рисјанка, јас ќе се потурчам,“ рече најпосле ибн Тајко, лесно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Ако случајно го побараат, ќе им најдам друго“, си рече најпосле, тресејќи ја во контејнер големата црна ќеса, и завршувајќи ја втората смена.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)