рече (гл.) - мил (прид.)

Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Ако ги прашам, моите сигурно нема да ми дозволат - рече Мила. - А, моите мислиш, да? – додаде Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
„Ќе ти треба само една минута”, му рече милата женичка на вујко Ејнар.„Одбивам“, рече тој. „А за тоа ми е потребна само една секунда.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)