рече (гл.) - друг (прид.)

„Копај повнатре, море Јован“, рече друг, „околу наоколу, околу наоколу, повнатре, зашто подоцна ќе се стесни“. „Ќе излезе на осум метри. Да се кладиме!“ „На дванаесет до тринаесет“, рече друг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во градот кој го сочинуваше мнозинското грчко население, покрај припадниците на други народи, постоеше и сосем одвоено еврејско гето, опколено со цврсти ѕидови, додуша наследени од минатото и уште во тоа време почувствувани за непотребни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„ Доцнел и порано”, рече другиот, „но никогаш како сега”.  Карер го разбира тој прикриен говор во кој се чувствува стравот поради кој поразните состојби во животот му се припишуваат, општо на времето, а не на воените или на политичките околности и затоа час поскоро се враќа, како впрочем и тие, на претходниот дијалог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ајде да се чита малку, - рече другиот и ја прибра книгата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од разговорот Толе подразбра дека ноќеска се собрани овдека во овие две колиби војводи и четници од сите страни и дека ќе има нешто важно да се решава, но што ќе биде, никој точно не знаеше да му објасни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ние со Сарафов идиме дури од Софија, — горделиво рекоа други двајца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Многу умен човек, - рече друг.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Или воз, рече другата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или воз, рече другата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Црн, но вкусен и здрав, - рече другиот човек, помлад, симпатичен, со очила, чии жолти тенки рамки светкаа во скудната светлина на колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- И Jan Palach се запали. - Навистина - ќе рече друг. - А зошто го направи тоа...?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Да не ни се налутил? - рече друга. - Да не се разболел? - рече и третата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
"Многу умен човек", рече друг.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Пошумено е...“ „Не е голо како некогаш“, рече друг.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Глупост, бесно рече друг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Убаво“, рекол другиот. „Дај ми го магарето, јас ќе ти дадам секира“.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така беше – како потврдување, рече другиот и тргна зад него.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се изнасмеа на сопствената шега, а потоа му нишна со главата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Прибери ги парите, кретену!“ му рече другиот. „И полиција има овде“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ќе го закопаме она што ќе биде пепел, рекол друг зад Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето тој кос го сметале за кобник - не поднесувале црни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа сакаше да биде убава само за Томо, а што ќе речат другите нејзе воопшто не ѝ беше важно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ова парче од моето долго деноноќие, користам други орудија. – Не се осудувам да прашам кои – рече другиот лукаво, или понизно. – Зборувам за оние со кои божеството ги создало Небесата, Земјата и невидливиот Рај каде што се наоѓаме, за оние со кои ни го крие Првородниот грев.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Парацелзус се замисли. Најпосле изусти: – Кога би го сторил она што го бараш, ти би рекол дека се работи за чисто привидение предизвикано од магија фрлена врз твоите очи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
До бес. „За твое добро“, рече другиот. „Ајде не спротивувај се.“ Пак опцу и дури тогаш забележа дека вратите на неговите соседи се подотворени и дека низ темните пукнатини на таа отшкринатост ѕиркаат врели очи на притаен страв...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Лесно е да ми солиш ум, је вела', ама ти и немаш истите гајлиња што ' и има ја“. „Ах“, рече другата, „така, ами како“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Тоа е добро“, рече другиот, „зашто не верувам дека би можел да ве задоволам“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас, кога отидов таму, им велам, Вистина е, Едо тоа го рече, ама јас му реков така да вели за да можам да чујам што ќе речат другите та да можам да ви кажам вам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Магарето на свадба носи вода, - рече друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Гледај го Македонецот, - се одѕва некој. - Се фали, - рече друг.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
– „Ба, братко, колку за тоа така си е, му рекле друзите на стареата, нека е жив Силјан, многу итроштиње научил дури шетал по туѓи земји, да од тоа ќе знае и приказни што чул да ни каже и да нѐ чуди.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Немој, будала; ќе нѐ оддадеш!“ „Сеедно“, рече другиот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Слушам зад мене си шепотат две дечиња: „Ти чувај да не ме види некој, - вели едното – а јас ќе одам да земам еден леб. - Оди, - рече другото.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас не сакам! - Ни јас, - рече друг. - Ни јас!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Па ние сме на ист терен и на иста задача!“ рече другиот работник.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Да... - одолговлечено рече другиот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
– А зошто ти го даваше тебе а ти не сакаше да го земеш? – ми рече сомничаво, а јас – па требаше да ѝ одговорам на писмото, но ѝ реков други да ѝ го напишат. Првпат излажав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- И ти мене ми пречиш, - рече другото. - Ни јас никогаш не можам од тебе да видам што има на таа страна.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Да го средиме нашиот убав дом, - рече другото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)