рече (гл.) - човек (имн.)

Според држењето би се рекло човекот се штукна од умот, ама според оваа блажена насмевка што одвреме-навреме му се појавува на лицето, јас велам дека е подобро што тоа се случи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Јас ќе работам, ќе те почитувам, ќе те хранам и издржувам според обичајот на еврејските мажи коишто вредно работат, ги почитуваат, хранат и ги издржуваат своите сопруги.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Молам, молам, - пак рече човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Тогаш, - рече човекот во сина облека, - треба да застанете во ред Тие зачудено го припогледнаа, ги вкрстија своите погледи и очигледно не сакаа да го прифатат она што им го рече тој, но сепак се потчинија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Добро е што дојдовте на време, - рече човекот во сина облека и ја тргна ногата од стапалото.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Мислам, - рече човекот во сина облека - дека треба да застанете во редот. 44 okno.mk Новодојдениот зина од несфатливост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Ние имаме, но не треба, - рече човекот што седеше на триножниче и веќе држеше во раката поголемо парче леб.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Што правиш чичко Станојко? - праша Бојан. - Не доближувајте се! - рече човекот. - Мавам змии!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
” пак рече човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Тогаш", рече човекот во сина облека, "треба да застанете во ред".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Добро е што дојдовте навреме", рече човекот во сина облека и ја тргна ногата од стапалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Мислам...“, рече човекот во сина облека, „дека треба да застанете во редот“.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Бугарин, рекол човекот. Тогаш стрико Никола се задумал малку а потоа рекол: Оди на Мала врата, од кај срецело, ќе ти отвориме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Патник, рекол човекот однадвор. Кој патник, прашал стрико Никола. Христијанин, рекол човекот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другарот Ѓурчин се надева дека ќе го затворите случајов бидејќи тој го смета за расчистен - рече човекот од зад ламбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само уште големата порта ме дели од слободата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се наоѓаме всушност во дворот на затворското здание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ова е кацеларијата на другарот директор - ме сепнува гласот на човекот што ме спроведува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ех, колку ќе беше убава градината ако не замрзнеше Белото, - рече човекот во чија градина растеа јоргованчињата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Земјак сум ти - гласно рече човекот штом се досети дека дедото е наглув.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дедо Васја не пушеше многу - кашлаше, но не смееше да се откаже: - Фала другар, а ти од каде си?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Господе”, си рече човекот за себе, „се надевам нема да наидам на нешто лошо.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Тука е - ни рече човекот кого, ризикувајќи да не облее излив на навреди и пцости, го замоливме да не одведе до местото каде се наоѓа масовната гробница во која почиваат според едни 704, според други 1000 борци на ДАГ. – Тука е – покажа со натажено лице и со очите сподавени во солзи. Не прозбори повеќе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По три дена престој и посета во татковината и во татковата земја, како што рече човекот таму на граничниот премин, се вративме во Македонија, пак преку Ники (Негочани).
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Од каде вие ја познавате таа жена, - рекол човекот, таа беше моја другарка, сопруга.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Никогаш веќе не сакам двапати да ти кажам нешто“, рече човекот со лузната со сосема смирен глас, кој воопшто не соодветствуваше на она што пред малку се случи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Оди со човеков горе!“ ѝ рече човекот со лузната на македонски, без да ја погледне.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Разбра?!“ Таа потврди со главата, а солзите уште ѝ течеа по образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа пребледе, бргу го погледна братучедот, кој веќе стануваше, и си ги закаса усните.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Тоа е тоа!“ рече човекот на крајот а жена му како потврда кимаше со главата, „најдобро е мирно да се иселиш, расипништво во оваа зграда нема да трпиме!“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Не мора сега ништо да ми одговорите”, рече човекот, ми даде една потсетница, се поздрави и си замина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Чекај малку“, ми рече човекот со многу брчки на лице, што се појави од некаде и ме зграпчи за рака баш кога се токмев да слезам кај постојката Бит Пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„А и ова Битола!“ рече човекот и ја голтна чашката како да е вода, „Шо беше и шо е сега!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Заспаа, - рече човекот со чадор. – Сега и јас можам да здивнам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од нив со ноќи не спијам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И пред да ја затвори вратата, благо додаде: „Зар човек најпосле нема право да `рзнува во својот стан?“ „Тој не е месечар“ , рече човекот со видливи крилца под пижамата во риги.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Малиот мирен човек полудел! „Ете“, рече човекот од број 6, „ете , а пред тоа и тој бил само месечар.“ Нешто ги давеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа на глас го рекол човек со фанатички очи.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Појди на гробишта па ќе видиш... му рече човекот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
— Е татко де, дека рече човекот оти на се кандисуа, тики веќе и кожата ли да му а одериме од грбот? — и се заврте да не ѝ го види лицето зацрвено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Какви пари!“ му рекол човекот. „Јас за никакви твои пари не знам!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Добро утро, - рече човекот триејќи ги рацете пред себе и гледајќи околу како да бара нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Што е момче, што правиш ти тука толку рано?“ рече човекот зад него.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Ах“, рече човекот од редот. „Еден ден ќе дојде некој со мечта и ќе ја обнови. Ви велам, запомнете ми ги зборовите. Некој со срце.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бев уверен дека сето тоа го прави без систем бидејќи на неговата маса владееше вистински наос.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Си реков човеков има потешкотии со сите тие листови што постојано си ги пика во носот за да ги прочита, а потоа, како да се згадил од прочитаното ги фрла тие листови од пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Е, ама си здодевен човеку. Па ти рече човекот дека лично се ќе надгледува, нели, другар? - Точно е.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ех, колку ќе беше убава градината ако не замрзнеше Белото, - рече човекот во чија градина растеа јоргованчињата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Но јас ништо не ти раскажав за Возовија, - рече човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- А зошто мислиш дека ми е убаво? - рече човекот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)